Автомобили
Кога лежечките полицајци не се доволни: Французите користат необичен метод за да го забават сообраќајот ФОТО

Мало француско село наречено Боне на необичен начин се обидува да стави крај на возачите кои возат со голема брзина.
Властите во Бон дошле до идеја да исцртаат ризични улици со голем број криви линии, кои прават да изгледаат како чинија шпагети.
Целта, се разбира, е да се натераат возачите да ја забават брзината и со тоа да го контролираат сообраќајот, но критичарите тврдат дека оваа тактика само ќе ги збуни возачите.
Низ ова село минуваат три главни патишта – на една од раскрсниците, се пожалија жителите, возачите често возат двојно побрзо од што треба, а сообраќајните знаци навистина не им значат.
This is the French village where SQUIGGLY LINES have been painted on roads to stop drivers from speeding but also making them feel sick.😵💫
They appear in Baune, near Angers in the Maine-et-Loire region & its hoped the markings will slow drivers down in a 30kph zone. pic.twitter.com/e7JOBQp72x
— Mr Pål Christiansen (@TheNorskaPaul) September 1, 2023
Затоа се исцртуваат овие линии. За целиот процес се издвоени 5.000 евра, а дизајнирани се да не се лизгаат, за да не ги загрозуваат возачите или велосипедистите.
Дека линиите даваат некакви резултати сведочи и фактот што еден возач му рекол на францускиот TFI дека кога ги видел бил принуден да ја намали брзината за да утврди кои се вистински.
Сепак, има и друга страна на медалот: друг возач изјави дека штом ќе се навикнете на овие линии, тие воопшто не го забавуваат сообраќајот.
Нè интересира и вашето мислење: Дали сметате дека методот е ефективен и дали би сакале да видите такви линии на некои улици што ги сметате за ризични во вашата околина?
Автомобили
Чистење на бандажи од автомобил – дали кока-колата навистина помага?

Многу возачи бараат едноставни и евтини трикови за одржување на своите автомобили. Една од темите што често кружи на форумите е чистење на бандажи со кока-кола или оцет. Но, дали овој метод навистина функционира или е само уште една урбана легенда?
ADAC со јасна порака – внимавајте со домашните средства
Според германскиот автомобилски клуб ADAC, кока-колата и оцетот можат да помогнат само кај лесна површинска нечистотија. Кога станува збор за тврдокорни дамки, како што е прашината од сопирачките, овие средства се речиси бескорисни.
Дополнително, ако се користат во погрешна концентрација, може да го оштетат алуминиумот на тркалата – што на крај може да ве чини повеќе од еден сет нови бандажи.
Што навистина работи?
Експертите препорачуваат користење на специјални препарати за чистење на алуминиумски и челични бандажи. Тие се создадени токму за оваа намена – ефикасно ги отстрануваат нечистотиите, а притоа не го оштетуваат материјалот.
Важно е да се почитуваат упатствата на производот и да не се остава средството предолго да делува, бидејќи и најдобрите препарати може да предизвикаат оштетување ако се користат неправилно.
Колку често треба да се чистат бандажите?
Редовното одржување не е само естетика – тоа го продолжува и векот на траење на бандажите. Експертите советуваат темелно чистење најмалку два пати годишно, обично напролет и наесен, кога се менуваат зимските и летните гуми.
Најдобро е бандажите да се извадат од автомобилот за време на чистењето. Така полесно се стигнува до тешко достапните места и се избегнува ризик средството за чистење да влезе во системот за сопирање.
Извор: Nezavisne
Автомобили
Издржливи автомобили кои го надживуваат времето

Издржливи автомобили што ја победија времето
Кога зборуваме за автомобили, повеќето луѓе мислат на брзина, луксуз или технологија. Но, постои една категорија што вреди уште повеќе – автомобил кој трае со децении. Некои модели станаа легенди, познати по тоа што ги надживуваат своите сопственици и сè уште верно служат и по милион километри. Еве ги најиздржливите автомобили на сите времиња.
Toyota Land Cruiser – кралот на неуништливото
Land Cruiser е синоним за сигурност. Користен од армии, хуманитарни организации и авантуристи ширум светот, овој модел од 80-тите и 90-тите сè уште без проблеми поминува милион километри. Често за него велат: „Ако сакаш да стигнеш – и да се вратиш – вози Toyota.“
Toyota Hilux – пикап што преживува сè
Hilux стана легенда благодарение на емисијата „Top Gear“, каде што не успеаја да го уништат ниту со оган, ниту со експлозии. Во Африка и Блискиот Исток е првиот избор за секој што бара апсолутна доверливост.
Mercedes-Benz W123 – такси кое не запира
Произведуван во 70-тите и 80-тите, W123 е вечна икона. Денес во Африка и Азија сè уште возат примероци со над еден милион километри, а неговиот дизел мотор важи за неуништлив.
Volvo 240 – шведска тула на тркала
Иако на изглед груб, Volvo 240 е еден од најсигурните автомобили на своето време. Познат е по безбедноста и по примероци што издржале и над 1,5 милиони километри.
Honda Accord – јапонска класика за долги релации
Американците го нарекуваат „семејниот автомобил што никогаш не старее“. Accord може да помине половина милион километри без поголеми дефекти, симболизирајќи ја јапонската прецизност.
Toyota Corolla – најсигурниот од сите
Најпродаваниот автомобил во историјата. Без разлика дали е во Азија, Јужна Америка или Европа, Corolla е позната по тоа што едноставно работи и не изненадува. Чест избор на таксисти ширум светот.
Jeep Cherokee (XJ) – американска икона
Моделот од 80-тите и 90-тите е обожаван од љубителите на off-road возење. Неговиот 4.0 литарски мотор е легендарен по тоа што „не може да запре“.
Lada Niva – руски тенк на патот
Не е најудобна, но е речиси неуништлива. Сè уште се произведува со минимални измени и е омилена кај ловци, планинари и војска.
Subaru Outback – господар на снегот
Познат по легендарниот погон на сите тркала, Outback е совршен за сурови климатски услови. Најчесто го среќаваме на патиштата во Канада и Австралија.
Volkswagen Golf II – балканска легенда
Иако престана да се произведува пред повеќе од 30 години, Golf II и денес се гледа по улиците на Балканот. Едноставна механика, ниски трошоци и речиси неуништлива конструкција го направија бесмртен.
Кој е најголемиот победник?
Ако мора да се избере само еден, тогаш титулата му припаѓа на Toyota Land Cruiser – вистинска легенда на сите патишта и непатишта.
Извор: N1Info
Автомобили
РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит, предмалку известија од РКЕ.
-
Кичево24 часа
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Кичево1 ден
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (26 август)
-
Македонија2 дена
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси
-
Македонија1 ден
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Автомобили1 ден
РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти
-
Спорт2 дена
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“