Кичево
Донирајте за Владо преку телефон: Да ја заокружиме оваа седмица со хумано дело, да бидеме луѓе!

Почитувани добри и хумани луѓе, наши сограѓани, познаници, пријатели и добронамерници, изминува еден месец каде нашиот сограѓанин од Кичево Владо Симјановски е на болничко лекување во болницата „Меморијал“ односно „Memorial Antalya Hastanesi“ во Република Турција, каде дијагностициран му е рак на десното белодробно крило.
Благодарение на хуманоста на целиот Македонски народ, но и останатиот дел на хуманитарци во дијаспората, успеавме заеднички доста финансиските да допринесеме, преку донации на неговата трансакциска сметка, но и преку отворените донаторски линии, благодарение на водечките оператори во Македонија, „Телеком“ и „А1 Македонија“.
– Порта.мк активно ги следи хуманитарните акции, така што токму сега, упатуваме уште еден АПЕЛ, да се откажеме од нашето денешно кафе и нашите 100 денари да ги донираме за Владо, затоа што, према последните информации денес директно од Турција, недостасуваат помалку 8000 евра, што значи благодарение токму на ВАС, собрани се поголемиот дел од финансиите! Ајде уште веднаш да заѕвониме да донираме за Владо и оваа седмица конечно да ги собереме финансиите, затоа што потребен му е на семејството, фамилијата и на сите нас!
Донации повици преку мрежата на „Телеком“ и „А1 Македонија“ , еден повик „100 денари“
Телеком ☎️: 143 – 414
А1 ☎️: 143 – 666
Како што веќе истакнавме, операцијата е во вредност е 32,000 евра, трошкови кои семејството Симјановски не може да ги покрие. До сега за рекордно време покажавме дека можеме и дека сме луѓе со големо срце, ајде да ги дособереме останатиот дел од финансиите, да допринесеме за што побрзо да се соберат финансиските средства за Владо повторно да му се насмевме на животот!
Донации преку трансакциска сметка за Македонија
Име на банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Број: 300017025428784
Име/Презиме: Владо Симјановски
Донации преку девизна сметка за странство
Fist Name/Last name: Slavica Avramoska
Address: s.Tuin – Kichevo
Acc no: 0230706863422
IBAN Code: MK07300307068634267
BIC/SWIFT Code: KOBSMK2XOHB
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
Кичево
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, 1 возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, 2 возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, 1 возач кој управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, 1 возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени два мотори по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
-
Кичево8 часа
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Култура11 часа
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци
-
Lifestyle1 ден
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите