Спорт
Бањаја триумфираше на Големата награда на Јапонија, 16-та трка од Мото ГП шампионатот.

Актуелниот шампион водеше од почеток до крај за неговата прва победа во Мотеги во кралската класа, а осма оваа сезона. Најблиску до Бањаја беше Хорхе Мартин од Прамак Дукати по неверојатен пробив од 11. позиција на стартот. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Гресини, Марк Маркез. Ваквиот исход значи дека Бањаја ја намали разликата во однос на Мартин на 10 бода, а до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Бањаја на стартот го престигна Педро Акоста, додека Мартин почна да се пробива и беше четврти по само неколку свиоци. Возачот на Гас Гас извесно време се задржа на втората позиција пред да излезе од патеката во последниот свиок од четвртиот круг кога беше втор, зад Бањаја. Иако се врати на трката, тој се повлече во 15-от круг.
Оттогаш Мартин стигна до второто место, во еден момент дојде на седум десетинки од Бањаја, но во ниту еден момент не успеа да му се закани. Бранителот на титулата го зголеми темпото на половина од трката, Мартин дојде за секунда по неколку круга, но пред самиот финиш сомнежите за победникот беа отстранети. Мартин заостана секунда и пол зад Бањаја
Маркез возел осамена трка на третото место, завршувајќи три и пол секунди зад Прамак и половина секунда пред Енеа Бастианини на вториот Дукати. Најдобар меѓу останатите, и дури 13 секунди зад Бестија, беше вториот возач на Прамак, Франко Морбидели, пред Бред Бајндер од КТМ Рејсинг, како и дуото на VR46 тимот Марко Бецеки и Фабио ди Џанантони. Првите 10 ги комплетираа Алес Еспаргаро и Џек Милер.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Спорт4 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт15 часа
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Спорт1 ден
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин13 часа
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин13 часа
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн