Храна
(ВИДЕО) Мудар начин како да ја воочите разликата помеѓу природна и вештачка храна
Ова е начинот да забелижите која храна е природна а која вештачка, имено вештачката или ГМО храна е поубава, позаоблена, посјајна, со еднаква големина и изглед, со сјајна боја, без модринки и оштетени делови, без знаци за гниење…
Вештачкото месо, исто така, изгледа добро. Но, доколку обрнете внимание на црниот дроб и бубрезите ќе забележите дека тоа е лажна храна. Имено, ако бубрезите или црниот дроб од некои животни ви делуваат болно, не го купувајте тоа месо бидејќи тие животни најверојатно се хранети со ГМО сточна храна.
На кратко, вештачката храна содржи пестициди и хемиски вештачки ѓубрива, содржи генетски модифицрани организми и сл.
Што мислите, ја чувствуваат ли луѓето разликата меѓу обичната и органската храна?
Храна
Направете домашен кечап – без хемикалии и адитиви

Кечапот е еден од најчестите додатоци на трпезата – совршено се комбинира со помфрит, бургери, печени компири и многу други јадења. Сепак, индустриските верзии често содржат шеќер, адитиви и конзерванси.
Затоа, ви претставуваме рецепт за домашен кечап – поздрав, повкусен и без непотребни хемикалии.
Состојки
-
5 кг домати
-
300 г шеќер
-
100 г сол
-
150 г густина
-
100 мл оцет
-
малку оригано
-
2 г конзерванс (опционално)
Подготовка
-
Измијте ги доматите, излупете ги и изблендирајте ги. Ако имате машина за мелење домати, уште подобро.
-
Истурете го добиениот сок во тенџере и варете додека не се свари на околу четири литри.
-
Додадете шеќер, сол, густина, оцет и оригано, па мешајте додека смесата не почне да се згуснува.
-
На крај, по желба додадете конзерванс и измешајте добро.
-
Истурете го топлиот кечап во стерилизирани тегли или стаклени шишиња.
-
Затворете ги цврсто, свртете ги наопаку и оставете ги така 48 часа. Потоа чувајте ги на ладно место.
Зошто домашниот кечап е подобар избор?
-
Без хемикалии и адитиви
-
Поприроден и поздрав вкус
-
Можете да ја прилагодите количината на шеќер, сол и зачини според свој вкус
-
Одличен начин за користење свежи домати во сезоната
Извор: RadioSA
Магазин
Сочни пилешки бургери од рерна

Ако сакате да уживате во вкусен бургер без грижата за пржење и вишок масло, овие домашни пилешки бургери од рерна се совршен избор. Направени од свежо месо и природни зачини, тие нудат здрав и вкусен оброк што ќе го воодушеви целото семејство.
Зошто да ги пробате овие бургери?
-
Не се пржат – поздрава алтернатива на класичните бургери
-
Подготвени со едноставни и достапни состојки
-
Сочни, миризливи и богати со вкус
-
Идеални за ручек, вечера или за носење
Време за подготовка:
15 минути подготовка + 30 минути печење
Состојки:
-
600 г пилешко месо (половина батаци, половина филе)
-
1 црвен кромид
-
1 јајце
-
1 лажица лебни трошки
-
Свежа мајчина душица (по вкус)
-
1 лажичка сол
-
1/2 лажичка мелен бибер
Подготовка:
-
Исечкајте го пилешкото месо на помали парчиња и сомелете го заедно со кромидот во процесор за храна додека не добиете компактна смеса.
-
Во добиената смеса додадете јајце, лебни трошки, сол, бибер и мајчина душица. Добро измешајте.
-
Со влажни раце формирајте плескавици со саканата големина.
-
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
-
Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути, со превртување на половина од времето за рамномерно печење.
Совети за дополнителен вкус:
-
Додадете малку рендано сирење во смесата за поинтензивен вкус
-
Послужете ги во интегрални лепчиња со свеж зеленчук и домашен јогурт-сос
-
Може да се чуваат во фрижидер до два дена и се одлични и при повторно загревање
Заклучок:
Овие пилешки бургери се брзи, едноставни и исклучително вкусни. Совршени се за секојдневни оброци кога сакате нешто здраво и задоволувачко. Пробајте ги – можеби ќе станат вашиот нов омилен оброк!
Извор: Nezavisne
Магазин
Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен избор за оние што сакаат нешто освежително, без додаден шеќер, глутен или вештачки состојки.
Основен рецепт
Состојки:
-
2 зрели банани
Подготовка:
-
Излупете ги бананите и исечете ги на тркалца.
-
Ставете ги во сад или кеса за замрзнување и оставете ги во замрзнувач најмалку 2 часа.
-
Кога ќе се замрзнат, ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса со текстура на сладолед.
-
Послужете веднаш или вратете го сладоледот во замрзнувач уште половина до еден час за поцврста конзистенција.
Идеи за вкусови:
Доколку сакате да експериментирате, додадете некои од овие состојки во блендерот за да добиете различни варијации:
-
Кикирики вкус: 3 лажици путер од кикирики + 2 лажички мед
-
Чоко-лешник вкус: 3–4 лажици намаз од чоколадо и лешник
-
Јагодова свежина: Неколку замрзнати јагоди + 2 лажици слатка павлака (вратете го во замрзнувач за да се стегне)
-
Класично чоколадо: 3 лажици какао + 2 лажици павлака + 1 лажичка екстракт од ванила (оставете повторно да се стегне)
Овој рецепт е совршен за топли денови, кога сакате нешто брзо, здраво и домашно!
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Кичево1 ден
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (26 август)
-
Македонија1 ден
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Автомобили1 ден
РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти
-
Спорт2 дена
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“
-
Македонија1 ден
МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар