Македонија
Започнува Ипа вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре 13 јуни, започнува Ипа вело викендот „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“ во чии рамки, во сабота (14 јуни), ќе се одржи рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. Овој спортски настан, се одржува по деветти пат а главната цел е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга како и вело конекција Охрид-Св.Стефан, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.
Овие проекни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа и ќе бидат причина плус за зголемен број на туристи на ривиерата.
Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид со Струга Охрид-Св.Стефан, да станат реалност.
Утре во 19.30 часот, на градското пристаниште во Охрид ќе можат да ги подигнат своите ИПА сетови а стартот на рекреативната велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда е во сабота во 08 часот од градското пристаниште во Охрид.
Од крстосницата „Распаќе“ на булеварот „Туристичка“, вело трасата ќе води по една коловозна лента од автопатот во изградба се до поранешниот ресторан „Коцаре“ каде ќе има вклучување по стариот пат Охрид-Струга, покрај брегот на Охридското езеро. Во 08.45 кај „ЕВРО ХОТЕЛ“, е предвидена средба на охридската со струшката вело група а потоа, заеднички ќе се вози низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда.
По краткото дефиле тука, предвидена е кафе пауза во угостителскиот објект „Динга“, наш ИПА пријател од каде се пружа неповторлив поглед кон езерските синила и планинската убавица Галичица. Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување.
Во време кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите и да се ставаме во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот.
Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација.
Токму затоа, ги повикуваме сите членови на ИПА Охрид и ИПА Македонија, сите вело клубови од Охрид, Струга и Македонија, сите граѓани вљубеници во велосипедскиот туринг, да се придружат во сабота, да бидеме побројни и уште еднаш, да испратиме силна порака до надлежните дека сме армија велосипедисти која алармира, конечно да се пристапи кон изградба на современа велосипедска мрежа во најатрактивниот регион во Македонија, за Порта.мк истакна претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
Македонија
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скооје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево12 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија2 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје6 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак