Спорт
Ботас победи за големата награда на Турција – „Ова беше една од најдобрите трки што сум ја имал“
Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас денеска оцени дека овaа била една од неговите најдобри трки во Формула 1, како и дека му е драго што се поминало без проблеми.
– „Помина долго време, но се чувствува добро. Од моја страна, тоа беше една од најдобрите трки што сум ја имал. Болидот беше добар во сите услови, јас му верувам. Мило ми е што еднаш се мина без проблеми … “, рече финскиот возач, објавија од Би -Би -Си.
Ботас денеска победи на трката за Големата награда на Турција, што воедно е негова прва победа по трката во Русија минатата година.
Во услови на дожд, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен дојде на второто место, со што го презеде водството во генералниот пласман, и сега има шест бода повеќе од возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
– „Денес не беше лесно, патеката беше доста лизгава и моравме да гледаме за да заштедиме гуми, па затоа не сакавме да притискаме. Изгледа дека Ботас имаше подобро темпо и подобро штедеше гуми, па среќен сум што завршив второ“, рече тој.
Третиот финиш го помина уште еден возач на Ред Бул, Серхио Перез, посочувајќи дека има „интензивна трка, во која ги победи Хамилтон и Шарл Леклер од Ферари.
– „Тоа беше трка каде што треба да бидете трпеливи, да притиснете во вистинско време и добро да управувате со гумите. Ние навистина не знаевме што се случува со гумите. Беше тешко да ги контролираме денес“, додаде тој.
Следната трка во шампионатот во Формула 1 ќе се вози во САД, на 24 октомври, а до крајот на сезоната остануваат уште шест трки.
Win in Turkey 🏆#VB77 #F1 #TurkishGP@MercedesAMGF1 @F1 pic.twitter.com/U6SdPSLA0u
— Valtteri Bottas (@ValtteriBottas) October 10, 2021
Извор: novimagazin.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
