Следете не

Видео

Чувар на горила го снима својот секојдневен живот за TikTok, снимките се урнебесни (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Фото: Screenshot/TikTok

Профилот на TikTok наречен Kong’s Keeper објавува видеа на горили кои живеат во заробеништво, но во навистина завидни услови со се што им е потребно за среќен, исполнет и забавен живот, без ризик да се сретнат со ловокрадци.

Човекот успеал да ги фати горилата во некои смешни моменти, па можете да видите како еден од нив пријателски шета низ куќата, си игра со чаршафи, се расправа, се потсмева со посетителите на зоолошката градина, а има и доста комични сцени во кои горилите имаат речиси човечки карактеристики гестикулации и движења.

 

Kong’s Keeper го следат 281 илјади луѓе на TikTok, а неговите видеа досега собраа милиони прегледи и повеќе од 8,5 милиони лајкови.

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија9 часа

Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на...

Македонија9 часа

МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера

На 08.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница,...

Спорт11 часа

Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија

Српската фудбалска репрезентација вечерва ќе биде домаќин на Англија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Атмосферата на преполниот стадион...

Временска прогноза14 часа

Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за вторник (9 септември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Музика1 ден

(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој...

Македонија1 ден

Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар,...

Спорт1 ден

(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на...

Кичево1 ден

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица. –...

Македонија2 дена

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита...

НАЈЧИТАНИ