Следете не

Занимливости

Дали сте знаеле зошто овие три намирници нема потреба да се мијат со вода?

Објавено пред

на

Сигурно не сте знаеле дека овие три намирници воопшто не треба да ги миете, а еве и поради што се тврди такво нешто:

1. Јајца

Лушпата од јајцето содржи посебен премаз со цел јајацето да го заштити од бактерии. Водата ја уништува оваа заштита па затоа не е добро да ги миете јајацата, а нема ни потреба.

2. Тестенини

Врвните готвачи велат дека миењето на тестенините би требало да биде прогласени за противзаконско бидејќи на тој начин се отстранува скробот кој подоцна е потребен за сосот одлично да се спои со тестенините. Варените тестенини можат да се стават под вода доколку се предвидени за салата или за вок.

3. Печурки

Печурките добро апсорбираат вода и затоа не е добра идејата да ги миете, илу уште полошо е да ги потопувате. Ако го правите тоа тие ја губат еластичноста и стануваат поподложни на расипување.

Земјата од печурките можете да ја отстраните со обична четкичка, или со кујнска хартија.

Извор: denar

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Објавено пред

на

ФОТО: Juliana e Mariana Amorim @ Unsplash.com

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.

– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.

Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.

Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.

Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (6 октомври)

ОВЕН Брзиот раст што му се случува на Овенот во последно време, овој викенд може да биде малку премногу за...

Временска прогноза14 часа

Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври)...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (5 октомври)

ОВЕН Ќе бидете склони да се заљубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате...

Спорт2 дена

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи. Уште една одлична фудбалска претстава на...

Кичево2 дена

(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас

Во рамки на денешната работна агенда директорот на БЈБ г-дин Александар Јанев ги посети полициските одделенија во Зајас и Осломеј,...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (4 октомври)

ОВЕН Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите...

Фото: David B Townsend @ unsplash Фото: David B Townsend @ unsplash
Lifestyle3 дена

Трикот за совршено сварени јајца

Варените јајца се едни од наједноставните и најхранливи оброци – богати со протеини, витамини и минерали. Но, речиси секој барем...

Фото: Dev Benjamin @ unsplash Фото: Dev Benjamin @ unsplash
Lifestyle3 дена

Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач

Замрзнувачот често е „спасител“ кога сакаме да зачуваме остатоци од јадење или да го продолжиме рокот на траење на храната....

Фото: Joshua Koblin @ unsplash Фото: Joshua Koblin @ unsplash
Автомобили3 дена

Ferrari неприкосновен: Профит од 118.000 евра по автомобил

Ferrari уште еднаш го потврдува статусот на најпрофитабилен автомобилски бренд во светот. Според финансиските резултати за првата половина од 2025...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин3 дена

YouTube тестира нов мобилен изглед – корисниците поделени

YouTube започна со тестирање на нов мобилен интерфејс и промените се толку драстични што веднаш предизвикаа поделени реакции. Некои корисници...

НАЈЧИТАНИ