Спорт
„Куп голејада“: „ФК Работнички“ ја победи „Шкендија“, „АП Брера“ и „Воска“ по успешни на пенали, Брегалница славеше 11-0..
Работнички супериорен против Шкендија со 3:2. Стојановски беше стрелец на првиот гол, но израмни Клисман Цаке, а Дашмир Елези пред полувремето се погрижи за предност за Шкендија. Но, тоа не беше се. Гандо Биала израмни во 47.минута, а Атдхе Мазари го постигна победничкиот гол за Работнички, додека пак Македонија ЃП ја продолжува одбраната на куп-трофејот откако го елиминира Вардар на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со 0-1. Алтин Алији беше стрелец за ѓорчепетровци во 63.минута.
Брера и Гостивар одиграа квалитетен меч во Струмица, така да според ремито мечот го решија на пенали од белата точка, но и езерскиот дуел меѓу Воска и Струга ТЛ исто така се решаваа пенали.
Шкупи го победи Охрид Лихнидос со 3-0, а Тиквеш на гости славеше против Пелистер (0-1). Силекс го победи Башкими со 3-2, а релативно најлесна задача имаше Брегалница, која се сретна со нисколигашот Јанг Тим и победи со 11-0.
Сите утакмици во живо, како и денешните може да ги проследите на официјалниот јутјуб канал на „Фудбалската федерација на Македонија“ – ТУКА
КУП, 1/8 – ФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ 11-0
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3-2
СИЛЕКС – БАШКИМИ 3-2
БРЕРА – ГОСТИВАР 0-0 (5-4) пен.
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-1
ШКУПИ – ОХРИД ЛИХНИДОС 4-0
ВОСКА – СТРУГА ТЛ 0-0 (4-1) пен.
/макфудбал
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
Спорт
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, по победата над Азербејџан со резултат 3:1.
Нашите фудбалерки играа одлично и ја контролираа играта на целокупниот натпревар. Првиот гол беше постигнат од Калина Попоски во 19. минута по мајсторски изведена акција. Во 27. минута, Теона Галабовска ја зголеми предноста од пенал. Таа повторно се запиша во листата на стрелците во 49. минута, со што стави крај на одличниот настап.
Азербејџан успеа да постигне еден гол преку Јуругова во 35. минута, но не беше доволно за сериозна закана по нашата победа.
Со оваа победа, Македонија прави важен чекор во својата квалификациска трка и ги насочува погледите кон последниот дуел со Словенија, кој ќе има решавачки карактер.
Македонија до 19 години: 1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попоски, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева;
Селектор: Кирил Изов.
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од првенството во Третата фудбалска лига „Запад“.
Одлично прикажана игра, во една динамична атмосфера, иако не стартувавме најдобро, примивме гол, во второто полувреме поставеноста на играта и искуството на нашите најдобри момчиња резултираше со целосен пресврт и победа.

„ФК Напредок“ после победата врз „ФК Ренова“ на гостински терен, 29.11.2025 г.
Стрелци за нашиот тим: Исмаили, Вренцоски и Никодиноски.
Секоја чест за прикажаната пожртвувана игра, во пролетниот дел продолжуваме со појако темпо до вистинската цел!
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Кичево10 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Хороскоп21 часХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево1 денКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Магазин6 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
