Следете не

Автомобили

Mercedes (се уште) не се откажува од бензинските и дизел моторите

Објавено пред

на

Mercedes ги коригираше сопствените планови во врска со електричните автомобили. Што значи ова за иднината, а што за планираната зелена транзиција во секторот патен транспорт?

Целта беше амбициозна: Mercedes планираше да произведува само електрични автомобили од 2030 година.

Следната година германскиот производител планираше да продаде ист број чисто електрични автомобили и хибриди како возила со класичен мотор со внатрешно согорување.

Mercedes е многу далеку од постигнување на таа цел. Стратегијата за целосна транзиција кон електричните автомобили ја „погреба“ лично шефот на Mercedes Ола Келениус во февруари годинава, а компанијата од Штутгарт го суспендира и поставувањето на нова платформа за електрични возила.

„Во наредните години ќе ги има и двете: електрични автомобили и ултрамодерни електрифицирани модели со внатрешно согорување.

И ако побарувачката е доволно висока, ќе ги има длабоко во триесеттите години на овој век“, рече Келениус пред две недели на Генералното собрание на компанијата – и со тоа уште еднаш јавно ја призна можеби најголемата погрешна пресметка во поновата историја на Mercedes.

Продажбата на електрични автомобили стагнира

Уделот на целосно електричните автомобили во вкупниот број регистрирани нови возила во првиот квартал од годинава во Mercedes изнесува околу десет проценти – исто како и лани. Со хибридите, е-автомобилите на Mercedes сочинуваат околу 10 отсто од глобалниот биланс, што е многу далеку од прокламираното (50 отсто) до 2025 година.

И тоа има последици: компанијата го запре развојот на нова платформа за електрични возила. Во автомобилската индустрија, платформите се нешто како градежни комплети, во кои се создаваат нови автомобили.

Досега, платформите за електрични возила и класичните модели со внатрешно согорување беа исти – без разлика дали се работи за бензин, дизел, електрични модели или хибриди, сè се работеше на иста подвижна лента.

Основната конструкција беше иста за сите модели, а во зависност од типот на возилото, во нив беше вграден соодветен погон.

Платформата „MB.EA-Large“ требаше да го промени тоа и да овозможи за прв пат дури и голем луксузен модел да се состави од темел во верзија со е-мотор и тоа со зголемување во ефикасност, на пример во доменот на подобри, посилни батерии.

Тоа беше амбициозна инвестиција во иднината на компанијата – но и скап проект. Премногу скапо за сегашните податоци за (слабата) продажба на електрични модели.

Неизвесната иднина на електромобилноста

За германскиот јавен сервис од Mercedes беше потврдено дека компанијата во секој случај сака да инвестира во електрична мобилност во иднина.

Во моментов, како што беше официјално објавено, во прашање е само споменатата платформа, но не и електричните автомобили како такви. Mercedes, како што е потврдено, ќе продолжи со понатамошен развој на батерии, мотори или софтвер.

Mercedes всушност само го следи трендот во автомобилската индустрија. Дури и BMW, по сопствено признание, не се откажува од моторите со внатрешно согорување, слична е ситуацијата и со Volkswagen (VW). И ова и покрај фактот што продажбата на Volkswagen е значително подобра од Mercedes.

Несигурност на клиентите

Производителите на автомобили реагираат само на желбите на клиентите, вели автомобилскиот експерт Фердинанд Дуденхефер во интервју за ARD. А клиентите во моментов се прилично неизвесни – поради постапките на политичарите, вели тој.

„Има многу негативни пораки кои доаѓаат од политичката сфера, поради тие пораки клиентите станаа повнимателни“, вели Дуденхефер.

Како пример, тој го наведува ненадејното суспендирање на субвенциите за електрични автомобили од страна на федералната влада. Тоа беше пред Божиќ минатата година.

Вреди да се спомене и медиумската помпа со која изјавата на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше придружена со фактот дека веќе донесената забрана за продажба на бензински и дизел мотори од 2035 година во ЕУ треба да биде се преиспита.

Сето тоа негативно се одразува на продажбата на е-возила, додава германскиот експерт.

Кој се плаши од кинески електрични автомобили?

Дополнително, во автомобилската индустрија има неизвесност поради претстојниот трговски конфликт со Кина.

Вашингтон веќе воведе казнени тарифи од 100 проценти за е-возилата од Кина, поради можното нарушување на пазарната конкуренција. Во ЕУ има се погласни барања да се следи примерот на Американците.

Експертите, сепак, предупредуваат на можноста за таканаречена „спирала на казнени тарифи“: доколку Кина воведе и специјални царини, што би можело да има значителни последици за германските производители на автомобили.

Имено, Кина е можеби најважниот единствен пазар во моментов – особено во секторот за електромобилност.

Автомобили

Најпродаваните автомобилски брендови во Европа: Шкода се искачува, азиските брендови ограничени во Топ 10

Објавено пред

на

Фото: Val Vesa @ unsplash
Фото: Val Vesa @ unsplash

Продажбата на нови автомобили во Европа продолжува да расте, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA). Во првите десет месеци од годината, пазарот забележал стабилен раст и јасна доминација на европските производители.

Клучни резултати за европскиот автомобилски пазар

  • Во ЕУ се регистрирани 8.974.026 нови автомобили, што е раст од 1,4% во споредба со истиот период во 2024 година.

  • Во Европа (ЕУ + ЕФТА + Велика Британија) продадени се 11.020.514 автомобили, што претставува раст од 1,9%.

  • Пазарот покажува дека само два азиски бренда се во Топ 10, додека европските производители продолжуваат да доминираат.

Водечки брендови во продажбата на автомобили во Европа

  • Volkswagen е апсолутен лидер со 1.017.781 продадени автомобили, што означува раст од 5,3% (во 2024: 966.942).

  • Toyota се позиционира на второто место со 616.104 автомобили, но бележи пад од 6,3% во споредба со минатата година.

  • Škoda го зазема третото место со 601.963 продадени возила, што е значителен раст од 10,6% и јасен показател за нејзиниот подем.

  • Renault е четврти со 545.923 возила (+7,2%).

  • BMW следува со 531.047 автомобили (+4,2%).

  • Peugeot бележи 469.322 продадени возила (-2,0%).

Завршен пласман во Топ 10

  • Dacia — 465.879 автомобили (+5,9%)

  • Mercedes-Benz — 460.666 автомобили (+2,0%)

  • Audi — 428.839 возила (-1,2%)

  • Hyundai — 349.790 автомобили (-2,2%)

Овие бројки покажуваат стабилен европски пазар каде традиционалните брендови продолжуваат да го држат приматот, додека Škoda прави значителен пробив, а азиските производители се соочуваат со ограничен раст во најсилниот автомобилски регион во светот.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Како да заштедите гориво во зима: Експертски совети за правилен притисок во гумите

Објавено пред

на

Фото: Mae Dulay @ unsplash
Фото: Mae Dulay @ unsplash

Редовната проверка и одржување на правилниот притисок во гумите во текот на зимскиот период е една од најбрзите, најевтините и најефикасните мерки за намалена потрошувачка на гориво и побезбедно возење.

Со падот на температурите, многу возачи ја забораваат оваа едноставна, но клучна проверка.

Зошто студот го намалува притисокот во гумите?

  • Студот предизвикува контракција на воздухот во гумата.

  • Ова доведува до намален притисок, полошо прилепување, побрзо абење и повисока потрошувачка на гориво (5–10%).

  • За секои –5°C, гумата губи приближно 0,07 бари.

Колку често треба да се проверува притисокот?

Експертите препорачуваат:

  • Најмалку еднаш месечно.

  • Во нај студените месеци – на секои две недели.

  • Особено после многу студени ноќи или пред долги патувања.

  • Притисокот се проверува кога гумите се ладни (автомобилот стоел 2 часа или возел <3 km).

Превисок притисок – исто така опасен

Во зима обично се додаваат околу 0,2 бари, но само внимателно и во согласност со препораките од производителот.

Последици од премногу напумпани гуми:

  • Нерамномерно абење

  • Намален контакт со патот

  • Поголем пренос на удари и вибрации

  • Оштетување на структурата на гумата

Последици од низок притисок

Нискиот притисок е уште поопасен:

  • Оштетување на внатрешноста на гумата

  • Забрзано абење

  • Полоша контрола врз возилото

  • Подолго растојание за сопирање

  • Полошо држење во кривини

  • Поголем ризик од дупната гума

Заклучок

Редовната проверка на притисокот во гумите во текот на зимата е:

  • Брза

  • Евтина

  • Критична за безбедноста

  • Ефикасна за намалување на потрошувачката на гориво

Извор: Mondo

Прочитај повеќе...

Автомобили

Регистрациите на нови автомобили во ЕУ пораснаа за 5,8% во октомври: Еве кои се најсилните пазари

Објавено пред

на

Фото: Nabeel Syed @ unsplash
Фото: Nabeel Syed @ unsplash

Шпанија предничи со рекордeн раст на електрични возила од 90,1%

Во Европската Унија во октомври биле регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што претставува раст од 5,8% во однос на истиот месец минатата година, објави Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).

Раст на најголемите пазари

Три од четирите водечки европски пазари бележат годишен раст:

  • Шпанија: +15,9%

  • Германија: +7,8%

  • Франција: +2,9%

  • Италија: –0,5% (единствен пад)

Електричните автомобили со најголем скок

Сегментот на електрични возила на батерии (BEV) бележи раст од 38,6% на ниво на ЕУ.

Најголеми зголемувања по земји:

  • Шпанија: +90,1%

  • Франција: +63,2%

  • Германија: +47,7%

Пазарен удел по тип на возила во октомври

  • Хибриди (HEV): 34,5%

  • Бензинци: 24,8%

  • Електрични – BEV: 18,9%

  • Plug-in хибриди: 10,5%

  • Дизел: 8,1%

Податоци за периодот јануари–октомври 2025

  • Регистрациите на нови автомобили пораснале за 1,4% на годишно ниво.

  • Уделот на електрични возила достигнал 16,4%.

  • Продадени се 1.473.447 BEV автомобили — раст од 25,7% во споредба со истиот период лани.

Најголемите пазари за електрични автомобили

Четирите водечки пазари —
Германија, Франција, Белгија и Холандија — учествуваат со 62% од сите BEV регистрации во ЕУ во првите десет месеци од 2025 година.

Извор: Blic

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп21 минута

Хороскоп за вторник (2 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле...

Кичево5 часа

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини,...

Македонија7 часа

ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во...

Македонија9 часа

Повторно паѓа цената на дизелот, бензините остануваат со иста цена за источен литар на бензинските станици ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Спорт10 часа

ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот...

Фото: Yosuke Ota @ unsplash Фото: Yosuke Ota @ unsplash
Магазин12 часа

Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид

Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат...

Фото: Val Vesa @ unsplash Фото: Val Vesa @ unsplash
Автомобили12 часа

Најпродаваните автомобилски брендови во Европа: Шкода се искачува, азиските брендови ограничени во Топ 10

Продажбата на нови автомобили во Европа продолжува да расте, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA)....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин12 часа

ChatGPT конечно престанува да ги користи непотребните цртички

ChatGPT долго време ги игнорираше дел од упатствата што му ги задаваат корисниците. Иако многумина бараа да не користи долги...

Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash
Магазин12 часа

Социјалните мрежи влегуваат во ера на поделби, а Facebook и понатаму опстојува

И покрај годините шпекулации дека корисниците масовно го напуштаат, Facebook останува една од најстабилните платформи. Според ново истражување на истражувачкиот...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин12 часа

Google ги заострува правилата за Android апликациите што трошат премногу батерија

Google воведува нови правила со цел подобро управување со потрошувачката на батеријата кај Android апликациите. Компанијата најави дека наскоро ќе...

НАЈЧИТАНИ