Култура
Ова се 15-те најубави пораки за „БОЖИК“
1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!
2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!
3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!
4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!
5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!
6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!
7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!
8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!
10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!
11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.
12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!
13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!
14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!
15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и касмет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!
Култура
Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.
Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.
Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.
За многу години, утрешниот празник домаќини!
Култура
Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!
Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.
Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.
Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.
Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.
Култура
Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест.
Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето е познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден, а празникот е востановен во чест на сите ангели, особено на нивниот водач – светиот архангел Михаил.
На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.
Ангелите и улогата на Архангел Михаил
Според црковното предание, пред создавањето на видливиот свет, Бог го создадил духовниот свет – ангелите. Тие се невидливи духовни битија и затоа на фреските се претставени во човечка форма, со крилја како симбол дека се Божји весници. Нивното бело облекување означува чистота и невиност.
Архангел Михаил е единствениот ангел прикажан во војводска облека, со меч и копје. Причината се крие во неговата улога во борбата против паднатите ангели. Кога дел од ангелите, предводени од Деница, се одметнале од Бога, архангел Михаил застанал во одбрана на Божјата правда, ги собрал верните ангели и го победил предводникот на злото, симнувајќи го од небесата.
Во знак на верност кон Бога, архангел Михаил и сите ангели ја воспеале Света Троица со песната:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“.
Во спомен на овој небесен собир е востановен празникот Собор на свети архангел Михаил, со кој црквата им оддава чест на сите ангели.
Зошто празникот се слави токму во ноември?
Според старите сметања, годината започнувала во март, а ноември бил деветтиот месец. Деветката симболично ги претставува деветте ангелски чинови. Осмиот ден од месецот (8 ноември) пак се зема како симболичен знак за „осмиот ден“ – времето по Страшниот суд, кога Христос ќе дојде да им суди на живите и мртвите.
-
Кичево2 денаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура2 денаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (4 декември)
-
Временска прогноза2 денаДождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
-
Технологија2 дена„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
-
Спорт1 денБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Хороскоп3 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина17 часаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
