Следете не

Занимливости

(ВИДЕО) Еден доказ дека животните се како луѓето, починал стопанот, а животното како да знаело дека неговиот пријател веќе го нема

Објавено пред

на

Вагнер Фигеередо де Лима и неговиот сакан коњ биле речиси неразделни, се додека неговиот стопан несреќно загинал во сообраќајна несреќа на свои 34 години во близина на неговиот дом во Параиба, Бразил.

Зачудувачки е фактот колку животните знаат да сакаат и колку им се развиени чувствата кон своите луѓе кои ги ранеле и им служеле

Кога возилото со куферот ја поминало поворката, се изгледало како коњот по име Серено да знае дека неговиот пријател го нема веќе, па сите блиски и интернет етерот буквално останаа без зборови по реакцијата на животното.

Погледнете во продолжение:

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево5 часа

Кичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници

Според она што граѓаните на град Кичево можат да го видат, повеќе од евидентно е дека „ЈКП Комуналец“ – Кичево...

Култура9 часа

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој...

Магазин11 часа

За напредување на вашите мускули при вежбање, следните вообичаени грешки треба да ги одбегнувате

Изградбата на мускули и зајакнувањето на телото започнуваат веднаш штом ќе почнете да тренирате. Но, по одредено време, мускулите можат...

Хороскоп21 час

Хороскоп за петок (28 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија1 ден

Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за...

Кичево1 ден

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија1 ден

АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента

Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово...

На денешен ден1 ден

Времеплов: На денешен ден – 27 ноември

На денешен ден 27 ноември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во...

НАЈЧИТАНИ