Следете не

Македонија

„Рурална Коалиција“ вчера реализира презентација на мониторинг извештаите за родова еднаквост

Објавено пред

на

Денес, Рурална Коалиција, ги презентираше мониторинг извештаите од 6-те пилот општини во кои што го спроведува проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, Кичево, Пласница, Прилеп, Кривогаштани, Гостивар и Врапчиште а се подготвуваше во периодот јули 2022 – јануари 2023 година.
Мониторинг извештаите покажаа дека сите општини имаат назначено координатори за еднакви можности, но тоа се лица кои што се вработени во општините на други работни места, што пак ја оневозможува нивната посветеност и работа на полето на родовата еднаквост.

Во најголемиот број на општини, со исклучок на општините Гостивар и Врапчиште, Комисиите за еднакви можности немале состаноци ниту пак презеле некои поконкретни активности во локалната заедница на теми поврзани со родовата еднаквост. Во општините Пласница и Кривогаштани се забележува намалување и на така скромниот буџет кој што го имале за реализација на активности од Програмата за родова еднаквост, па така за реализација на едногодишна програма во овие општините за 2023 година се издвојуваат од 35.000-60.000 денари.

Општина Кичево е со 0 буџет за активности поврзани со родовата еднаквост во 2022 година и без програма за родова еднаквост, а за прв пат средства во износ од 300.000 МКД предвидува во оваа 2023 година кои што ќе бидат наменети за реализација на активности предвидени во Програмата за родова еднаквост која што исто така за прв пат се изготвува за оваа 2023 година. Општина Прилеп, пак исто така нема програма за родова еднаквост за 2022 година ниту пак буџет конкретно наменет за активности поврзани со родовата еднаквост, а во 2022 година поддржале само 1 организација за манифестација за одбележувањето на денот на руралната жена.

Исто така треба да се потенцира дека дел од општините и тоа: Кичево и Прилеп не изготвуваат годишни извештаи за еднакви можности на едниците на локалната самоуправа за напредокот на состојбата со еднаквите можности на мажите и жените, што пак е нивна законска обврска и истиот секоја година треба да го доставуваат до Министерството за труд и социјална политика најдоцна до март наредната година. Само координаторот за еднакви можности и членовите на комисијата за еднакви можности на општина Пласница се вклучени во креирањето на мерките и програмите на општината, додека пак тоа не е пракса во останатите 5 општини.

Немањето на буџет, честите промени на членовите на комисиите за еднакви можности, немањето на доволна едукација и познавање на темите поврзани со родовата еднаквост од страна на членовите на комисиите, како и вработените во општините, невклучувањето на жените од месните и урбани заедници во локалните процеси на донесување на одлуки, немање на редовна и континуирана соработка со граѓанските организации, но и неинформираноста и недоволна едукација кај самото локално население за значењето на прашањето на родовата еднаквост особено во ЕУ интеграциските процеси се главните јазови или предизвици кои што беа идентификувани низ процесот на овој мониторинг.

„Издвојувањето на буџет за реализација на активности за реализација на активности од Програмата за родова еднаквост е клучен елемент кој што треба да го практикуваат општините, но и посебната систематизација на работно место – координатор за еднакви можности бидејќи тоа е единствениот начин како може директно да се зголеми влијанието и состојбата со унапредување на еднаквите можности на мажите и жените во локалната заедница“ спомена во своето излагање Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.

Локалната истражувачка, пак, Зујца Газепова, ја истакна спомена важноста од непосредната и директна комуникација на општините со граѓаните и граѓанските организации, особено заради размена на искуства и знаења, а особено го потенцираше фактот дека честата промена на членовите на Комисиите за еднакви можности не овозможува континуирано унапредување на состојбата со родовата еднаквост на терен, а дека ваквите алатки за мониторинг треба да ги применуваат и самите општини и тоа на квартално ниво.

Од тука следни се нашите препораки за унапредување на овие процеси: задолжително изготвување, но и реализација на програма за родова еднаквост во секоја општина, задолжителен годишен буџет кој што линеарно ќе се зголемува секоја година, воведување на систем на внатрешен мониторинг со родово-разделени податоци и статистики на квартално ниво, поврзување на активностите и мерките со родово-сензитивни индикатори, унапредување на соработката со граѓанските организации на ниво на партнери во процесите, обезбедување на подеднаква вклученост на мажите и жените во процесите на донесување на одлуки, прилагодување на локалните политики кон ЕУ директивите и акциски планови, а едукацијата треба да биде клучен и задолжителен дел кој што редовно ќе го практикуваат сите локални чинители.

Оваа јавна презентација на мониторинг извештаите беше реализирана во рамките на проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“ .
Проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“ имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведска.

Ова соопштение за медиуми е создадено со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведска. Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.

Македонија

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Објавено пред

на

©porta.mk

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.

„Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.

Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.

Прочитај повеќе...

Македонија

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

 

Прочитај повеќе...

Македонија

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

Објавено пред

на

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 минути

Хороскоп за понеделник (8 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите...

Кичево4 часа

„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на...

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
Здравје и убавина4 часа

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (7 декември)

ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се...

Здравје и убавина1 ден

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

Временска прогноза1 ден

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија2 дена

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт2 дена

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle2 дена

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

НАЈЧИТАНИ