Балкан
Словенија ја смени одлуката: Транзит без ограничувања
Словенечката влада ја смени својата одлука во последен момент и им дозволи на патниците во транзит да минуваат низ земјата без ограничувања.
Ограничувањата се отстрануваат и кога станува збор за меѓународниот транспорт, по незадоволството на превозниците и деловната заедница во БиХ.
Министерот за комуникации и транспорт во Советот на министри, Војин Митровиќ, за „Независне новине“ од Бања Лука потврди дека Словенија ги укина претходно усвоените ограничувања во однос на транзитот и меѓународниот транспорт низ таа земја.
– Претходната одлука веројатно беше несвесно воведена, па во меѓувреме разбраа што ќе значи кога станува збор за транзит низ Словенија. Значи, за среќа, сфатија дека создадоа проблем не само за нас, туку и за другите земји чии транспортни компании минуваат низ Словенија – рече Митровиќ.
Балкан
Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на пилотот. Според информациите на Управата за цивилна заштита, авионот од типот „AT-802“ се срушил додека извршувал кружен лет на релација Риека–Загреб.
Хрватската контрола на летање во 16:53 часот пријавила дека авионот исчезнал од радар, а во 17:11 часот бил добиен извештај за падот и избувнатиот пожар.
Првичните податоци укажуваат дека леталото се урнало во областа Криви Пут. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи, пожарникари и служби за итна медицинска помош.
Пожарникарите од градот Сењ успеале да го пронајдат авионот.
– „Откако го лоцираа леталото што се урна во подрачјето Криви Пут, пожарникарите го изгаснаа запалениот авион и го обезбедија местото на несреќата“, соопшти Хрватската противпожарна служба.
Од Министерството за одбрана на Хрватска потврдија дека не станува збор за авион или екипаж на хрватските воздухопловни сили, демантирајќи ги шпекулациите кои се појавија во некои медиуми.
Извор: sputnikportal.rs
Балкан
Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.
Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.
Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.
Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.
Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.
Извор: off.net.mk
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп17 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Свет2 денаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
