Следете не

Свет

Телескопот James Web даде невидена слика од Нептун и го откри вистинскиот сјај

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Благодарение на вселенскиот телескоп James Webb, за прв пат можеме да видиме како изгледа планетата Нептун во инфрацрвениот спектар и мораме да признаеме, изгледа – блескаво.

Вселенскиот телескоп James Webb (JWST) на НАСА ја сними планетата Нептун со неверојатни нови детали. Новата слика ги прикажува прстените на планетата, некои од нејзините природни сателити и топлинските појаси околу нејзината површина.

Додека Нептун изгледа сино во видливи бранови должини поради гасот метан во неговата атмосфера, истиот метан ја апсорбира инфрацрвената светлина забележана од JWST, така што планетата изгледа светло бела кога се гледа во инфрацрвени бранови должини. Најсветлите области се ледените облаци високо во атмосферата, кои ја рефлектираат сончевата светлина пред метанот да ја апсорбира.

Благодарение на вселенскиот телескоп James Webb, за прв пат можеме да видиме како изгледа планетата Нептун во инфрацрвениот спектар и мораме да признаеме, изгледа – блескаво.

Вселенскиот телескоп James Webb (JWST) на НАСА ја сними планетата Нептун со неверојатни нови детали. Новата слика ги прикажува прстените на планетата, некои од нејзините природни сателити и топлинските појаси околу нејзината површина.

Додека Нептун изгледа сино во видливи бранови должини поради гасот метан во неговата атмосфера, истиот метан ја апсорбира инфрацрвената светлина забележана од JWST, така што планетата изгледа светло бела кога се гледа во инфрацрвени бранови должини. Најсветлите области се ледените облаци високо во атмосферата, кои ја рефлектираат сончевата светлина пред метанот да ја апсорбира.

На новата слика се прикажани и двата светли прстени на Нептун, како и двата побледи прстени. Прстените се полни со прашина, што ги прави потемни и потешки за гледање од светлите, ледени прстени како оние што ја опкружуваат планетата Сатурн.

Поминаа три децении откако последен пат ги видовме овие бледи, правливи прстени и ова е прв пат да ги видиме во инфрацрвена светлина, рече научникот од JWST, Хајди Хамел.

Последен и единствен пат кога ги видовме најслабите прстени на Нептун беше кога вселенското летало на НАСА Voyager 2 прелета покрај планетата во 1989 година.

Осум од месечините на Нептун се видливи на сликата како светлосни точки, а најсветлата е најголемата месечина на планетата, Тритон. Системот на природни сателити на Нептун е особено чуден. Тритон, на пример, орбитира за Нептун наназад, така што дополнителни набљудувања на JWST и на Нептун и на Тритон се планирани подоцна во годината.

Извор: New Scientist

Свет

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Објавено пред

на

©porta.mk

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.

„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.

„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.

Прочитај повеќе...

Свет

Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Bryan Angelo

Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.

Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.

Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:

– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“

Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com

Извор: aboutamazon.com

Прочитај повеќе...

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза3 часа

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во...

Хороскоп5 часа

Хороскоп за четврток (27 ноември)

ОВЕН Не се потпирајте премногу на другите луѓе и на она што го слушате што не е потврдено. Ако одлучите...

Македонија10 часа

„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање

По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без...

Фото: Jakob Owens @ unsplash Фото: Jakob Owens @ unsplash
Магазин16 часа

Google Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност

Google Photos воведува шест нови функции базирани на вештачка интелигенција, со што значително ги проширува можностите за уредување, пребарување и...

Кичево16 часа

ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот

На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (26 ноември)

Овен Доколку размислувате за промена на работните места, денес е добар ден за преговори. Добро размислете за понудата што сте...

Хроника2 дена

Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид

На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност

Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот...

Временска прогноза2 дена

Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон...

Кичево2 дена

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

НАЈЧИТАНИ