Хроника
Трагичен настан го потресе Гостивар вечерва, усмртен е млад гостиварец, на повредите им подлегнал веднаш по укажаната лекарска помош
Трагичен настан го потресе Гостивар вечерва. Усмртен е млад гостиварец, близу бул. „Гоце Делчев“. Според инфорамциите до кои дојде „Gostivarpress“ од СВР Тетово, околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата.
Укажана му била лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.
Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.
Други детали за сега не се познати, информира гостиварскиот портал.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден9 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle8 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
