Следете не

Хроника

Трагични вести од Македонски Брод, исчезнатото лице по кој се трагаше буквално во целиот регион за жал било пронајдено починато

Објавено пред

на

Трагични вести пристигнаа од Македонски Брод. Имено по лицето Бране Ристески кое се трагаше неколку денови и му беше изгубен секаков контакт, за жал бил пронајден починат, истакнаа најблиските, така што на социјалните мрежи веќе се простуваат од него. Подетални информации, причини и останати детали не се познати.

Нека почива во мир.

Хроника

Д-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот

Објавено пред

на

ФОТО: porta.mk (архива)

Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман, информира Основното јавно обвинителство Прилеп.

Според првичните информации, несреќата се случила при обид за претекнување, кога дошло до судир меѓу две возила што се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едното возило.

На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за собирање траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува дали имал присуство на алкохол или други психоактивни супстанции.

Од обвинителството нагласуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно утврдување на причините за тешката несреќа во која животот го загубија две лица, а петмина се здобија со сериозни повреди.

Д-р Ненад Лазаров ТУКА на социјалните мрежи објави дека бил сведок на трагичниот настан, каде своевремено и помагал. За јавноста тој истакна и упати порака за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи она што го видел и бил сведок – не го видел за својата 15 годишна кариера како Доктор.

Сите молитви се кон останатите учесници во сообраќајката, да останат живи и здрави.

Прочитај повеќе...

Хроника

Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

Објавено пред

на

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Хроника

ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“

Објавено пред

на

ФОТО: facebook/vladimirblazev/official

По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.

Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.

Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.

Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.

Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза9 часа

Попоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд

Од денес (понеделник) 17 ноември па се до крајот на следната седмица во Македонија и целиот регион ќе бидеме под...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (17 ноември)

ОВЕН Пред вас стојат состаноци и разговори од кои очекувате можеби премногу. Отворено соочување со луѓе кои се хиерархиски над...

Здравје и убавина12 часа

Ако ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас

Активниот и здрав начин на живот тешко може да се замисли без доволно протеини. Но, дали навистина знаете кои намирници...

Спорт14 часа

(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите...

Македонија14 часа

Поради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово

Од 16:50 ч. сообраќајот на регионалниот пат Р1105 с. Удово – Валандово е во прекин поради сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ. Од...

Спорт21 час

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија. Првиот меч заврши...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (16 ноември)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Скопје2 дена

ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани...

Временска прогноза2 дена

Од вторник следува промена на времето во Македонија

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од...

Спорт2 дена

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот...

НАЈЧИТАНИ