Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Издржи Ериксен, целиот светски фудбал е со тебе!

Објавено пред

на

Натпреварот помеѓу Данска и Финска е прекинат во 43. минута поради драматична сцена на теренот, откако фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен изгуби свест и падна на тревникот.

Ериксен според светските спортски вести кои засега не се потврдени како официјални, тој се бори за својот живот.

Спорт

Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Објавено пред

на

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи. ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.

Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.

Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи, стои во интегралното соопштение на „Куќа на фудбалот“

Прочитај повеќе...

Спорт

Раководството на ФФМ, предводено од претседателот Омерагиќ и генералниот секретар Јандреоски и Ганиу присуствуваа на 49 Конгрес на УЕФА во Белград

Објавено пред

на

©ФФМ

Денеска во Белград се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.

Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.

– Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.

Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Извлечени паровите за „Купот на Македонија“ во фудбал, Вардар ќе игра со Брера АП, додека ривалот Шкендија за противник го доби тимот на Струга ТЛ.

Објавено пред

на

©ФФМ

Во рамки на денешниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждребпка беа одредени и истакнати полуфиналните парови за „Купот на Македонија“. Така што ждребката случајно ги спои ривалите Шкендија и Струга ТЛ, додека црвено-црните Вардар го доби тимот на Брера АП. 

Првите натпревари се закажани за 9-ти април од 15:00 часот, додека реванш мечевите се закажани за 23-ти април, истакна ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт14 минути

Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари...

Lifestyle3 часа

Планирате патување во Бали? Еве што треба да знаете

Бали е една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Познат е по егзотичните плажи, тропската природа и богатата култура. За...

Lifestyle3 часа

4 природни начини за бојадисување велигденски јајца

Се ближи Велигден, а многу домаќинки веќе размислуваат како да ги бојадисаат јајцата на поубав и покреативен начин. Иако индустриските...

Гејминг3 часа

Indiana Jones and The Great Circle пристигнува на PS5 на 17 април

По првичниот дебют на Xbox и PC на почетокот на годината, акционата авантура Indiana Jones and the Great Circle конечно...

Македонија4 часа

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за сабота (5 април)

ОВЕН Кога станува збор за заработката ве очекуваат некои проблеми, можеби ќе имате некои задоцнувања на исплати. Чувствувате многу силна...

Временска прогноза15 часа

Викендов на повидок екстремен сибирски ладен бран

Уште од недела (6 април) рано наутро, па во текот на целиот ден ќе има пообилни врнежи кои најпрвин ќе...

Скопје16 часа

МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео...

Автомобили16 часа

(ВИДЕО) Toyota најавува надградена верзија на GR „Corolla“, премиерата закажана на есен

Toyota најавува надградена верзија на GR Corolla чија премиера е закажана за наесен. Дотогаш Јапонците прикажуваат камуфлиран развоен прототип. Сепак,...

Магазин21 час

(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери

„Форца Бенд“ предводени од кичевчанецот проф. Христијан Тришоски кој важи за еден од најдобрите вокали во нашите простори и добро...

НАЈЧИТАНИ