Социјални мрежи
Нова лажна наградна игра кружи по фејсбук пораки – Не наседнувајте!

Речиси цел ден кружат фејсбук пораки со чудна содржина наведувајќи различни познати светски брендови. Се работи за порака во форма на линк во која пишува дека сте добитник на 10000 денари и за нивно подигнување треба да се регистрирате и со тоа автоматски да се инфицирате и истата порака ја испраќате на безброј ваши пријатели од фејсбук листата.
Не наседнувајте и веднаш репортнете ја измамата со цел заштита на нашите приватни и лични податоци, бидејќи крајната цел не е позната зошто постои оваа инфекција на социјалните мрежи.
ФОТО: printscreen / инфектиран корисник
Социјални мрежи
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.
Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.
За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.
Како да го направите тоа:
Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.
Изберете „Privacy & Safety“.
Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.
Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.
Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.
Извор: b92.net
Социјални мрежи
„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата

„WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.
Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.
Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.
Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.
Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.
Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Магазин8 часа
(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија
-
Македонија1 ден
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Lifestyle1 ден
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Lifestyle1 ден
Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие
-
Магазин1 ден
Apple го претстави првиот M5 чип