Спорт
(ВИДЕО) Лудница во „Хунгароринг“: Хамилтон покрај прекинот продолжи, па падна на последно место

Трката во Формула 1 за ГН на Унгарија беше прекината поради инцидент во првиот круг во кој учествуваа неколку возачи. Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон стартуваше од пол -позицијата, го одбрани водството, а потоа следеше инцидент.
Во толпата се откажаа Ботас, Шарл Леклер од Ферари, Серхио Перез од Ред Бул и Ленс Строл од Астон Мартин. Во тие моменти Хамилтон беше прв, пред Естебан Окон од Алпин и Себастијан Фетел од Астон Мартин, така што по нешто помалку од половина час, трката продолжи
Клучните моменти погледнете ги во видеата подолу:
How Leclerc and Stroll dropped out on the opening lap 💥#HungarianGP 🇭🇺 #F1 pic.twitter.com/3jZwAIlw70
— Formula 1 (@F1) August 1, 2021
Max's wounded RB16B is currently being worked on by the @redbullracing mechanics
If anyone can get his car back in shape… 🦸♂️#HungarianGP 🇭🇺 #F1 pic.twitter.com/ZV1jZaZ7Cp
— Formula 1 (@F1) August 1, 2021
ФОТО: printscreen / youtube
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Скопје20 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Временска прогноза1 ден
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Магазин2 дена
Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега
-
Временска прогноза3 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите