Следете не

Македонија

ИПА Охрид викендов реализираше Изборно собрание, каде беше успешно избран Управен одбор со нов мандат

Објавено пред

на

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, викендов во Охрид одржа Изборно собрание на кое, присуствуваа претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости.

Притоа, со јавно гласање, беше избран Управен одбор за наредниот пет годишен мандат во состав:

Стефан Димоски-претседател, Игор Смилески-генерален секретар, Сашо Шумуликоски-помошен генерален секретар,  Александар Голабоски-благајник,  Антигона Цветаноска-помошник,  Александар Трајкоски и  Марина Секулоска-делегати во Националната секција на ИПА Македонија, Наташа алброска, Јово Упески и Боге Цветаноски-членови во Надзорниот одбор. Избрани се ИПА координатори за Охрид-Наум Аиноски и Бојан Трковски, за подрегионот Струга-Марјан Шумуликоски, Беким Арифи за Кичево и Ридван Садикоски за Дебар, за ИПА секцијата на жени Наташа Бошалеска и Анкица Радеска, за спорт Дејан Чолески, мото клуб Јашар Седат и Дејан Георгиевски, на секцијата на ветерани Тони Филипов.

Ова е тимот пред кој претстојат бројни предизвици, кампањи, работа, ангажман, консултации, идеи, креативност, дијалог, самоодрекување, дружење и колегијалност што ќе ја води ИПА Охрид напред кон понатамошни успеси и работа посветена за добро на сите ИПА членови но и на општеството во целина.

Инаку, Интернационалната полициска асоцијација е најголемата полициска организација во светот, формирана на 1 јануари 1950 година, составено од активни и пензионирани членови на полициската служба, без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија.

Целта на ИПА е професионална соработка, создавање пријателство помеѓу припадниците од сите ИПА земји-членки, врз основа на Статут и начелата утврдени во декларацијата за човекови права, усвоена од страна на Генералното собрание на ООН во 1948 година.

Оттука, мотото на ИПА е, SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.

Македонија

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Објавено пред

на

©porta.mk

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.

„Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.

Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.

Прочитај повеќе...

Македонија

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

 

Прочитај повеќе...

Македонија

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

Објавено пред

на

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (7 декември)

ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се...

Здравје и убавина10 часа

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

Временска прогноза19 часа

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија2 дена

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт2 дена

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle2 дена

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин2 дена

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили2 дена

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза2 дена

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

НАЈЧИТАНИ