Кичево
(ФОТО) Извидничкиот одред „Мирко Милески“ во соработка со „Црвен Крст“ – Кичево по повод светскиот ден на извидништвото организираа крводарителна акција

По повод светскиот ден на извидништвото „22 февруари“, извидничкиот одред „Мирко Милески“ – Кичево традиционално организираше крводарителска акција во соработка со кичевскиот Црвен Крст. Овогодинешната крводарителска акција се одржа во Општата Болница во Кичево, во просториите на трансфузиологија во понеделникот на ден 20.02.2023, на која учествуваа 21 крводарител.
Голема благодарност упатуваат извидниците до сите хумани граѓани, пријатели на извидниците кои учествуваа во акцијата „Направи добро дело, дарувај крв!“
Во прилог неколку фотографии од настанот:
Кичево
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка со „Хемера“ и „ЦЕП Можности“, во Кичево е поставен уред што нуди современ начин за набавка на свежо млеко.
Жителите на Кичево и околината отсега можат да уживаат во природно кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“, составена од членови на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“.
– „Млекото што го добиваат потрошувачите е целосно свежо, со сочувани хранливи вредности, без конзерванси и додатоци, и е пласирано во строго контролирани хигиенски и температурни услови. Покрај млеко, на располагање има и сирење,“ изјави Станоја Станојоски, како претставник од манастирот.
– Г-дин Лазар Неданоски од МРФП исто така истакна дека млекоматот претставува добар пример за модернизација на фармите во земјава и нов начин на приближување на локалните земјоделски производи до потрошувачите со поддршка од ЕУ.
На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Цветан Трипуновски, кој потенцираше дека обновувањето и современиот пристап во земјоделието се меѓу главните цели на министерството.
Во рамки на промоцијата, беше организирана и посета на фармата во близина на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“, каде што е воспоставена линија за молзење крави и современа млекарница за производство на различни млечни производи.
Кичево
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на лице место извршиле ОВР Кичево, каде привремено додека траел увидот едната делница на булеварот била блокирана за секаков сообраќај. Според очевидци во близина, веднаш по настанот медицинска екипа при Општа болница Кичево брзо интервенирала, укажувајќи брза помош на учесниците.
Подетални и официјални информации за здравјето на пешакот и возачот на автомобилот немаме, но според неофицијални извори пешакот своето лекување ќе го продолжи на комплекс клиники во Скопје.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај

Во понеделник, 25 август 2025 година, ГД „Гранит“ АД Скопје, изведувач на работите на Автопатот А2 Кичево–Охрид, ќе започне со асфалтирање на девијацијата кај месноста Крушино, заедно со надпатникот на км 0+780.
Работите според известувањето ќе се одвиваат во следните периоди:
* од 08:30 до 10:00 часот – при започнување на активностите,
* од 13:00 до 14:30 часот – при завршување на асфалтирањето.
– Апелираме до жителите и граѓаните, доколку немаат итна потреба, да го избегнуваат користењето на локалниот пат кон с. Кнежино, со цел да се намалат метежите и застои во сообраќајот, како и да се овозможи непречено изведување на градежните работи, известува ГД „Гранит“ АД Скопје, а пренесе МЗ Кнежино преку нивното е-гласило.
-
Кичево7 часа
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Кичево12 часа
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп22 часа
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (24 август)
-
Македонија1 ден
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси
-
Македонија1 ден
Добра вест: До моментов само 3 активни пожари, состојбата со пожарите се смирува
-
Македонија9 часа
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Спорт23 часа
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“