Следете не

Кичево

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Објавено пред

на

ФОТО: ПЕД Ендорфин (планинарско друштво)

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот меморијален планинарски марш на планината Голјак закажан за 20 јули 2025 г. (недела)

Голјак е средновисока планина која се наоѓа во Кичевскиот Регион и ги раздвојува селата на Копачијата и селата на Бржданска (Беличка) Река, дел од масивот на Илинска и Плакенска Планина. Веливрв e највисокиот врв на оваа планина, којшто со своите 1535 метри надморска височина пружа одличен поглед на Кичевската Котлина и масивот Челоица-Песјак на исток, Баба Сач, Бушева

Планина и Лубен на југоисток, Илинска на југ, Стогово на запад, Бистра на север.

Акцијата започнува од с. Брждани, движењето се одвива по маркирана планинарска патека, која поминува низ дабова и букова шума.
Должина на патеката: 7 км (враќањето се одвива по истата патека, вкупна должината на патеката во двата правца изнесува 14 км)
Висинска разлика: 680 метри.

– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце, планинарски стапчиња.
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (минимум).
*На патеката на едно место има извор на вода, меѓутоа во летниот период можно е да биде пресушен.
ПРОГРАМА

06:30 ч. – собирање на учесниците во Горно Брждани (кај црквата)
06:45 ч. – старт на акцијата
09:00 ч. – пристигнување на групата кај шумската куќарка на Преслоп (1270 м.н.в.), пауза 20 мин.
09:30 ч. – поаѓање кон врвот (со попатни одмори)
11:00 ч. – пристигнување на Веливрв (1535 м.н.в.)
12:00 ч. – поаѓање за назад
15:00 ч. – пристигнување во Горно Брждани и заеднички ручек

ВАЖНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО до 16 јули 2025 (среда) со име и презиме и ЕМБГ или број на лична карта за навремено добивање дозвола за движење во шума до подрачната единица на Национални шуми.
Поради забраната за движење во шума секој непријавен, а затекнат на планина сам ја сноси одговорноста.
Лицата од планинарските клубови да достават список на учесници:

Планинарско друштво/клуб: ______________________________________________
Име и презиме / ЕМБГ /
1.
2.
3.
Датум М.П. Планинарско друштво
Доставување на пријавите на е-пошта: [email protected] или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.
Лица за контакт:
Давор 075 668 501
Мирослав 071 511 702
Зоки 077 495 232

НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Проследете го нивниот фејсбук настан ТУКА

/ПР – Ендорфин

Кичево

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

Објавено пред

на

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.

Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од  пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.

По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.

Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.

Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Објавено пред

на

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.

Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!

Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (26 октомври)

Бик  Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост...

Спорт6 часа

ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско

Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит...

Магазин11 часа

Видео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори

YouTube најави дека меѓу јули 2024 и јули 2025 година ќе исплати повеќе од 8 милијарди долари на музичката индустрија,...

Кичево13 часа

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево. Претходно, во атарот...

Временска прогноза15 часа

Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (25 октомври)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија1 ден

Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар

Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато Како дел од работните активности на Министерството...

Мобилни уреди2 дена

„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

Samsung подготвува силен старт за 2026 година со својата следна генерација на флагшип уреди – Galaxy S26 серијата. Најистакнатиот модел,...

Кичево2 дена

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во...

Македонија2 дена

АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин

На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради...

НАЈЧИТАНИ