Следете не

Култура

Денес е „Велика Среда“

Објавено пред

на

Како што започнаа претходните два дена, воедно и од Лазарева саботата, Црквата се сеќава на настаните кои се случија во последните денови од Христовиот живот на земјата и зема учество во истите со тоа што страда заедно со Него. Притоа, исто така во овој ден се сеќаваме на евангелските зборови: „По два дни беше Пасха“ (Марко 14,1). Односно, тука се зборува токму за денот среда, а во петокот навечер се започнувало со славење на Пасхата. Ние се сеќаваме на три настани, а тоа се: Последното претсмртно помазание на Господа во Витанија; заговорот на Јудејците за да го убијат Христа и предавството Христово од страна на Јуда за триесет сребреници.

За помазанието на Господа од страна на жената во Витанија сретнуваме напишано кај Матеј и Марко, но притоа имаме уште две други помазувања, така што светите отци тоа го опишале дека има три помазувања. Тоа се: помазанието од страна на Марија Магдалена (Лука 7,36-50); потоа ова помазувања од некоја за нас непозната жена (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9) и помазанието од Марија, сестрата Лазарева, кое се случило шест дена пред Пасха (Јован 12,1-8).
Сепак во црковната химнографија се сретнува тоа дека оваа жена била грешница и пристапувајќи до Христа барала простување на гревовите. Кај Марко е забележано следново: „дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз главата Негова“ (Марко 14,3), притоа лицемерно велејќи оти тоа можело да се искористи за помош на сиромашните, тоа било причина Јуда да негодува, односно тој сметал дека останува без тие 300 денарии, а и апостолите негодувале кон овој случај, затоа што тоа било ретка појава да се помаза некој, односно само мртвите и пророците, царевите и свештениците.

Христос на тоа одговорил: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело кон Мене! Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; таа, излевајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погреб. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен“ (Матеј 26,10-13).

Предавањето Христово од страна на Јуда било добредојдено за фарисеите и садукеите кои сакале да го предадат и убијат Христа, а тоа е видливо во следниве стихови: „првосвештениците, книжни­ците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа, и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат; но рекоа: ‘Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот’“ (Матеј 26,3-5). Тој заговор бил намислен и претходно, но со Јуда се забрзала постапката.

Триесетте сребреници од Јуда биле не случајни, затоа што тоа било пророштво во Стариот завет, а воедно и продавање или купување на роб било токму 30 сребреници, а таа била токму цената за Непро­цен­ливиот. Со тоа Јуда самиот од апостол станал непријателот Христов.

Односно среброљубието го фрлило во пеколот, овој син на погибелта.
Поради тој настан на помазанието, на Велика Среда завршува варењето на миро (мирото е скапоцено миризливо масло кое се прави од масло и околу 33 (триесет и три) останати растенија и миризливи материјали) и свареното миро се собира во 12 алабастрени садови, што ги симболизираат 12 апостоли, а тоа се користи за Миропомазание (една од 7-те Свети тајни).

Во овие денови се пее и следниов светилен (црковна химна на Утрена Богослужба):
Твојата свадбена одаја ја гледам украсена, Спасителе мој, и облека немам да влезам во неа. Просветли ја облеката на душата моја, Дарителу на светлина, и спаси ме.

Култура

Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Објавено пред

на

ФОТО: Мимоза Стојчевска @ Патувања низ Македонија

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.

Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијанитем врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле.

На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.

На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои разнесуваат за покојните.

Обичај е да се меси колач со јаболки.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Галичник

Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Прочитај повеќе...

Култура

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Објавено пред

на

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и евангелска љубов, на 13 јули (недела) 2025 година – во денот посветен на Соборот на светите апостоли (Павловден), ќе се изврши торжествената хиротонија на избраниот Високопреподобниот отец Георгиј, кој со Божја благодат ќе биде ракоположен во епископски чин како Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како Педесетница, секогаш се одбележува во недела и трае три дена. Тој е единствениот меѓу 12-те големи празници кој нема претпразненство, но празничната атмосфера се чувствува во целиот период од Велигден до Духовден.

Во народната традиција, денот пред Духовден е познат како Задушница или „Мртва сабота“, ден посветен на душите на починатите, кога се изведуваат обичаи во нивна чест.

Празникот Педесетница се слави токму 50 дена по Велигден и е поврзан со еврејската традиција – кога Евреите го добиле Законот на Мојсие на Синај. Во христијанскиот контекст, тој ден ја одбележува дарбата на Светиот Дух врз апостолите, што се смета за основање на Христовата црква.

Според Библијата, на тој ден апостолите биле собрани заедно, кога одеднаш се слушнал силен звук како од ветрот, а Светиот Дух во форма на огнени јазици слегол врз секој од нив. Сите почнале да зборуваат на различни јазици. Народот што го слушнал шумот се зачудил, некои мислеле дека апостолите се пијани. Тогаш апостол Петар објаснил дека тие се исполнети со Светиот Дух и повикал народот да се покае и крсти. Тоа го направиле околу 3.000 луѓе.

Овој момент е опишан во книгата „Дела на светите апостоли“, каде се вели дека тоа било исполнување на пророштвото на Јоил – дека Светиот Дух ќе се излее врз сите луѓе. Тоа е и остварување на зборовите на Св. Јован Крстител, кој најавил дека Христос ќе крштева со Светиот Дух и оган.

Поради ова, Духовден уште се нарекува и празник на Света Троица – бидејќи на овој ден се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со тоа, овој ден се смета за роденден на Христијанската црква.

Народни обичаи и верувања
Во македонската традиција, Духовден се смета за многу важен ден – не се работи, се оди на црква, се прават гозби и обичаи, а на места попладне се игра оро. Во некои села се практикува обредот „Скрсти“ – молитва за дожд и плодна година.

Во народното верување, се смета дека од Велигден до Духовден душите на мртвите се слободни и се движат меѓу живите, често престојувајќи на цвеќињата на дрвјата. Се верува дека на Духовден душите разговараат меѓу себе, а ако некој ставел уво на гроб можел да ги слушне како шепотат.

На Задушница се организираат трпези и се дели храна „за душа“. Се верува дека душите мора да бидат нахранети пред да се вратат во задгробниот свет. Затоа, луѓето раздаваат храна и вода, и не се јаде ништо додека не се раздаде. Ако некој не добие, душата му останува „непричестена“.

Традиционално, црквите, домовите и гробовите се украсуваат со зелени гранки и цвеќиња – симбол на обновување и духовна свежина. Оревовите гранки, пак, имаат посебна улога – според верувањата, тие привлекуваат души, а истовремено ги штитат алиштата од молци.

Локални обичаи
Во некои краишта, како селото Лески во Неврокопско, постои верување дека полето го чува змеј кој живее во пештера, па на Духовден му принесуваат курбан за да го заштити посевот од град. Ако не се изврши ритуалот, се верува дека ќе дојде несреќа.

Во тој ритуал, се коле овен на планински врв и крвта се пушта во пештерата – домот на змејот. Жените носат лепчиња и ги редат околу пештерата, а обредите се прават со чукање клепало.

Во многу места на овој ден на гробовите се оставаат бардачиња (дулиња) со вода. Тие се носат дома и се пие од нив „за душа“. Во некои краишта тие се оставаат на гробот и се дополнуваат со вода во текот на годината.

Се верува и дека оние што починале меѓу Цветници и Духовден одат директно во рајот. Во Гевгелиско, пак, се верува дека до Духовден мора да се пожнее јачменот, оти потоа доаѓаат силни ветрови што може да го уништат родот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (18 јули)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

Свет4 часа

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари....

Македонија8 часа

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од...

Кичево10 часа

Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост: Извор: Група граѓани с.Цер (фб Србјани)

Хроника13 часа

МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (17 јули)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Скопје2 дена

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (16 јули)

Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред...

Временска прогноза3 дена

Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до...

НАЈЧИТАНИ