Спорт
(ФОТО) Кичевчанецот Дејан Милошевски – Чобачо го освои златниот медал на Државниот шампионат во САД за 2021 година, честитки!

Дејан Милошевски – Чобачо го освои златниот медал на Државниот шампионат на САД за 2021 година во кати во категоријата (18-34 години) – шотокан стил и бронза во отвоената категорија за истата возраст, но во сите стилови.
Во отврената категорија или, по старо, апсолутна, Дејан во првото коло е слободен, во второто и третото коло забележува победа 5-0, во полуфиналето е поразен со 2-3, а во репасажот славеше со 5-0.
Милошевски за прв пат го претставуваше својот клуб „Милошевски маршал артс” кој почна со работа на почеток на оваа година.
Да потсетиме дека Милошевски во 2019 година освои бронзен медал на Државнтото првенство на САД.
Текст: ipon.mk
Фото: Чобачо
Спорт
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката Балатон Парк. Маркез ја помина целната линија со време од 42:37,68, обезбедувајќи ја својата 98-ма победа во кариерата во сите класи на Мото ГП шампионатот. Овој триумф во Унгарија воедно е и негов десетти во тековната сезона во „кралската класа“.
На второто место заврши Педро Акоста, исто така од Шпанија, кој вози за тимот на Ред Бул, со заостанување од 4,314 секунди зад Маркез. Италијанецот Марко Бечеки, возач на Априлија, се пласираше трет, со заостаток од 7,488 секунди.
Во генералниот пласман, Марк Маркез води убедливо со 455 поени, пред неговиот брат Алекс Маркез од тимот Гресини Рејсинг, кој има освоено 280 поени.
Следната трка од календарот на Мото ГП ќе се одржи на 7 септември, кога ќе се вози Големата награда на Каталонија.
Спорт
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови

Кристијано Роналдо (40) зад себе има импресивна голгетерска кариера – 450 голови за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и 101 за Јувентус, пред неодамна да го постигне и својот 100-ти погодок во дресот на Ал Наср, клуб на кој му се приклучи во декември 2022 година.
Со тоа, Роналдо стана единствениот фудбалер во историјата што постигнал најмалку 100 голови за четири различни клуба. Досега, само Исидро Лангара, Ромарио и Нејмар имаат по 100 голови за три клуба.
Јубилејниот 100-ти гол за Ал Наср Роналдо го постигна во финалето на Саудискиот Суперкуп против Ал Ахли, реализирајќи пенал во 40-тата минута. Натпреварот заврши 2-2 во регуларното време, а иако Португалецот беше прецизен и во пенал-серијата, Ал Ахли славеше со 5-3 и го освои трофејот.
Спорт
Утре започнува првото коло во втората македонска фудбалска лига, според новите правила само шампионот обезбедува место во ПМФЛ

Утре од 17:00 часот стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од првото коло. Сезоната 2025/2026 се очекува да биде една од највозбудливите и најнепредвидливите досега. Дополнителна доза на неизвесност носат и промените во системот на натпреварување – од следната сезона лигата ќе брои две екипи помалку, а изменети се и правилата за промоција и испаѓање.
Според новите правила, само шампионот директно обезбедува место во Првата МФЛ. Тимовите што ќе завршат на втората и третата позиција ќе играат бараж за влез во елитата.
Најдраматичната борба, сепак, се очекува на дното од табелата: четирите последно пласирани екипи директно испаѓаат, додека тимовите од 9. до 11. место ќе мора да одиграат бараж-дуели со прваците од Третите лиги за опстанок.
Како главен фаворит за првата позиција и директна промоција се истакнува штипска Брегалница, но во борбата за елитата се вбројуваат и Беласица, Скопје, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица. Сепак, амбиции за висок пласман имаат сите клубови, особено со оглед на тоа што секој бод може да биде клучен за избегнување на испаѓање.
Сите натпревари ќе бидат достапни во живо преку YouTube-каналот на ФФМ.
Распоред за 1. коло – Втора МФЛ (23 август, 17:00 часот):
-
Вардар Неготино – Тетекс
-
Брегалница 2008 – Кожуф
-
Новаци – Победа
-
Каменица САСА – Осогово
-
Преспа – Шкендија Арачиново 77
-
Охрид Лихнидос – Беласица
-
Скопје – Слога 1934
-
Големо Коњари – Детонит Плачковица
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
-
Кичево2 дена
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Кичево58 минути
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (24 август)
-
Хороскоп11 часа
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Хроника2 дена
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Lifestyle2 дена
Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети
-
Спорт2 дена
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови