Кичево
(ФОТО) „Рурална Коалиција“ заедно со дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ и ученици од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ засадија дрвциња
Денес Рурална Коалиција во соработка со основното училиште “Кузман Јосифоски-Питу“- Кичево како и градинката “Олга Мицеска“- Кичево засади вкупно 60 дрвја од видот јавор, јасен и бреза. Одбрани беа токму овие дрвја затоа што испуштаат висок процент на кислород кој што треба да придонесе за намалување на загадувањето на територијата на општина Кичево.
– Акцијата да ја направиме токму со најмалите и учениците затоа што токму од тука започнува да се гради и развива еколошката свест и совест.
– Со денешната акција сакаме да испратиме порака дека оваа планета Земја е наша и дека друга немаме, а колку ќе ја одржуваме и чуваме зависи само од нас самите. Веќе важиме за еден од најзагадените градови во државата, а и на национално ниво состојбата не е ништо подобра, па токму ваквите мали чекори треба да поттикнат и поголеми акции кои што ќе ни го направат нашето место подобро за живеење – смета извршната директорка на Рурална Коалиција Лилјана Јоноски.
Директорката, па на основното училиште Кузман Јосифоски – Питу, Ирина Стојаноска, спомена дека ваквите акции, но и соработката помеѓу сите институции и локални чинители треба да бидат почести, но и долгорочни како би имале и долгорочен ефект.
Таа и додаде дека со учениците постојано се работи и на часовите секаде каде што се дозволува токму во наска на едукација на децата за заштитата на животната средина и јакнење на нивната еколошка свест
Директорот, пак на градинката Олга Мицеска, Садик Ахмети спомена дека токму градинките се местата од каде што треба да се почне да се гради и развива свеста кај децата за екологијата и за заштитата на животната средина затоа што само кога децата гледаат и се вклучуваат во активности разбираат дека е тоа важно и за нив и за нивните најблиски. Така ќе создаваме генерации кои што ќе ја имаат потребната едукација и свест да вложуваат во здрава и чиста животна средина.
Акцијата на садење дрвја е дел од промотивната кампања за чиста животна средина во локалната заедница, но и дел од мерките предвидени во Локалниот еколошки акциски план на општина Кичево кој што беше изработен со поддршка на Рурална Коалиција, а во рамките на проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“.
Проектот “Локални партнерства за локални климатски акции“ го имплементира Рурална Коалиција како институционален грант, а во рамките на проектот „ГО и во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија.
Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведска.
Галерија од денешниот настан:
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
Кичево
Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.
Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.
Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.
Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.
Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.
Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.
Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.
Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
| Планиран прекин | Кичево | Дел од улица „Ужичка“, дел од ул. „Мечкин Камен“, мотел „Панорама“, ТВ „Ускана“ и дел од потрошувачите во нас. „Под Крушино“ | 09.12.2025 10:00 | 09.12.2025 13:00 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
/ЕВН Дистрибуција
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево24 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Хороскоп12 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија22 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана







