Спорт
(ВИДЕО) Лео Меси не е само играчиште, тој е пред се човек со големо срце, погледнете што се случи на церемонијата за доделување на пехарот

Новиот клуб на Лионел Меси стигна до трофејот кој за прв пат го освојуваат во нивната клупска историја каде вчера во САД извојуваа победа во финалето против Нешвил. Аргентинецот веќе стана мега популарен во оваа средина, дури некои медиумски куќи истакнуваат дека Лео доживеал многу поголеми овации и подобар старт тука за разлика од ПСЖ што и може да се сложиме, едноставно фактите говорат.
Интересен е моментот кој стана вирален по е-светот, имено на доделувањето на пехарот – традиционално истиот го подига капитенот во случајот Меси, но се случи една поинаква ситуација, која можеме да ја наречеме „фер плеј“ односно „големината нема правила“ и се случува ова:
Love to see it. 🤝©️
Leo Messi made sure previous @InterMiamiCF captain DeAndre Yedlin played an equal role in lifting the club's first trophy. pic.twitter.com/LOoY0ip751
— Major League Soccer (@MLS) August 20, 2023
Спорт
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.
Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:
– „За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“
Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.
Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“
Извор: ФФМ
Спорт
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од вистинска спортска приказна. Во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, а ова е идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.
Нашата мисија е преку спортот да создадеме силни личности, вистински другарства и да им помогнеме на младите да ја развијат својата љубов кон кошарката, за Порта.мк истакнаа искусните тренери.
Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?
- Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
- Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
- Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.
Твојот прв кош е само почеток – со нас ќе ги поставиш темелите на својата спортска иднина!
📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:
- 075/525-774 – Војне Савески
- 078/424-238 – Александар Димитров
🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
-
Кичево21 час
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево17 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Кичево1 час
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Македонија3 часа
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“