Здравје и убавина
Некои работи кои сигурно не сте ги знаеле за подобар сон

Aко сакаме да функционираме нормално во текот на следниот ден, сите знаеме колку е важен сонот. Доколку имате проблеми со истиот, еве неколку едноставни трикови како да го промените тоа.
1. Кафе
Вашето последно кафе би требало да биде испиено во 2 попладне. Имено, на просечниот човек му се потребни 5-7 часа за неговото тело да се ослободи од половината од внесениот кофеин. 10 саати се потребни за телото да се ослободи од 75 проценти од внесениот кофеин. Пиењето на кафе во вечерните часови може да го поремети вашиот сон.
2. Омилени активности
Веруваме дека често навечер се опуштате со вашите омилени активности, како што е читање книга или гледање на некоја серија. Но, наместо тоа, обидете се тие активности да ги префрлите во утринските часови. На тој начин ќе имате зошто да му се радувате на утрото. Епизода од омилената серија со утринско кафе не звучи воопшто лошо, зар не?
3. Чистење
Подобро ќе спиете на свежо исперена и миризлива постелнина.
4. Затоплете ги нозете
Општо е познато дека подобро спиеме во поладни простории, бидејќи нашата телесна температура мора да се намали, за да заспиеме. А кога температурата е прениска и нашете раце и нозе се ладни, па така доаѓа до стеснување на крвните садови со цел задржување на топлината во телото. Топлите чорапи се решение за проблемот и добар начин да поттикнете брз сон.
/denar
Здравје и убавина
Доколку сакате да ослабете, тоа незначи дека треба да се гладува

Редовната физичка активност во комбинација со балансирана и умерена исхрана претставува најсигурен начин за намалување на килограмите и обликување на телото. Кога еднаш ќе создадете рутина што ја спојува оваа здрава навика, можете да додадете и неколку дополнителни чекори кои ќе го олеснат процесот на слабеење и ќе ве доведат поблиску до вашата цел – посакуваната тежина и фигура.
1) Јадете свесно и на маса
Избегнувајте да јадете додека работите, сурфате на телефонот, гледате телевизија или читате. Истражувања во Велика Британија покажале дека луѓето кои јадат на ваков „расеан“ начин внесуваат повеќе калории, а подоцна во текот на денот повторно имаат потреба од храна.
Затоа, обидете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги консумирате на трпезариската маса, со целосно внимание на оброкот. На тој начин, телото подобро ќе ја препознае количината на внесена храна и ќе ви даде чувство на ситост навреме.
2) Изберете помали чинии
Користењето на помали садови е едноставен трик кој може да резултира со намален внес на храна и до 30%. Со ваков пристап, ќе го контролирате количеството без да се чувствувате лишени.
3) Осигурете си доволен сон
Недостатокот на сон е тесно поврзан со лош избор на храна. Кога сме ненаспани, имаме тенденција да бараме засладени намирници за „брзо будење“, што негативно влијае на метаболизмот и на контролата на тежината. Затоа, квалитетниот и доволен сон е еднакво важен дел од процесот на слабеење.
4) Спијте во целосна темнина
Светлината во просторијата може да го наруши квалитетот на сонот и да ја отежне регулацијата на телесната тежина. Голема студија спроведена во САД утврдила дека жените кои спиеле во темни простории имале помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
За да ја подобрите ситуацијата, можете да инвестирате во завеси што не пропуштаат светлина или да користите маска за очи додека спиете.
Здравје и убавина
Витаминот „Д“ има клучна улога и во работа која сигурно не сте ја знаеле

Според сексологот д-р Али Дилкс, витамин „Д“ има клучна улога во сексуалното здравје, бидејќи го стимулира производството на тестостерон – хормонот кој директно влијае на либидото. Најприродниот начин за негово добивање е преку сончевата светлина.
Д-р Дилкс посочува дека мажите кои чувствуваат намалена сексуална желба можат да ја подобрат својата состојба доколку поминуваат по половина час дневно на сонце, во период од две недели. Таквата навика значително го зголемува нивото на витамин Д, а со тоа и сексуалната желба.
Недостатокот на овој витамин, додава таа, негативно влијае и врз жените. Кога нивото на витамин Д е ниско, се намалува лачењето на естроген – хормон кој е одговорен за цврстината и здравјето на вагиналните мускули.
Здравје и убавина
Сигурно сте се запрашале на што се алергични најмногу децата до три годишна возраст

Често кога се зборува за алергии, веднаш помислуваме на кикирики, риба или школки. Но, најчестата алергија кај децата до тригодишна возраст всушност е – алергијата на млеко. Според истражувањата, секое 40-то дете има ваква реакција, што е двапати почесто од алергијата на јајца и дури трипати почесто од алергијата на кикирики.
Добрата страна е што оваа алергија во повеќето случаи не претставува сериозна опасност и најчесто исчезнува со тек на времето. Наместо тешки симптоми со дишењето, кај најголем број деца се појавуваат кожни реакции – дерматитис или осип.
Но, тука се јавува една честа заблуда – многу родители веднаш претпоставуваат дека секое повраќање или осип се должи на алергија, па им воведуваат на децата рестрикции во исхраната. Таквите мерки често се неоправдани и можат да му наштетат на целокупното здравје на детето.
Затоа е важно:
👉 Не поставувајте сами дијагноза.
👉 Доколку се сомневате, консултирајте педијатар или алерголог.
👉 Не воведувајте посебни режими на исхрана доколку нема јасна медицинска причина.
Интересно е и гледиштето познато како „хипотеза на хигиена“. Таа укажува дека претерано стерилното окружување може да го зголеми ризикот од алергии. Истражувањата покажуваат дека во земји како Израел и Кина, каде што децата уште во најрана возраст се запознаваат со екстракти од кикирики, процентот на алергии е значително понизок.
Порака до родителите:
Рамнотежата е најважна. Наместо непотребни ограничувања или претерана стерилност, доверете се на стручна проценка и овозможете му на вашето дете разновидна и балансирана исхрана.
Извор: mayoclinic.org / делумни факти
-
Кичево1 ден
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево18 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Македонија15 часа
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија2 дена
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника2 дена
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (9 октомври)
-
Технологија2 дена
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони