Македонија
Рурална Коалиција: Со конструктивни консултации до реални мерки во земјоделството и руралниот развој во државата
Земјоделците сметаат дека и понатаму се потребни унапредувања во делот на отвореноста и конструктивноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кога станува збор за нивното вклучување во процесите на креирање на мерки и политики.
На вчерашната јавна дебата во организација на Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење поддржан од програмата на Цивика мобилитас, беше истакнато дека Министерството треба да се залага за целосна инклузивност на земјоделците, но исто така и прифаќање на предлозите на земјоделците изнесени во телата во кои што е овозможено нивното учество. Исто така упатија на фактот дека е потребно вклучувањето во работните тела на Министерството треба да им биде познато на сите, треба да ги знаат условите согласно закон кои што треба да ги исполнат за да се вклучат, а Министерството е должно да го обезбеди вклучувањето на сите засегнати чинители во секторот.
Потсекторските групи беа истакнати како едни од најзначајните тела кои што го овозможуваат вклучувањето на земјоделците во креирањето на политиките, но Менде Трајковски од Сојузот на пчеларите, истакна дека се соочуваат со проблем кој ги поврзува сите и бараат начин како да се изнајде решение за патните трошоци, со тоа што треба брзо да се делува од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издвојување на средства од буџетот.
Кон оваа дискусија се придружи и Томе Тимов како претседател на локалното здружение Хорти Еко кој што е и член на потсекторската група за цвеќарство и хортикултура кој што токму поради непокривањето на патните трошоци многу ретко присуствувал на состаноците на потсекторската група кои што од друга страна се и ретки, па апелираше и тој да се изнајде решение и за патните трошоци, но и ваквите состаноци да бидат далеку почести, да се објавуваат сите записници и донесени одлуки за да може секој да се информира и да се вклучи со свои предлози, а не само членовите на групите.
Раководителот на секторот за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-динот Гоце Георгиевски истакна дека сите политики се земени во предвид во овој кризен период, меѓутоа и дава критика дека треба повеќе да се земе сериозноста во обзир и за тоа каде се пресликуваат тие механизми во социјалната политика, и притоа како заклучок го истакна земањето во предвид на предлозите и препораките кои се носат како политики, но исто така и меѓусебното почитување.
Инклузивноста во работните групи е доста опфатена што значи секој треба да го даде својот придонес во зависност од групата што ја претставува.
Во текот на дебатата беа презентирани формите и механизмите за вклучување во работата на Министерството за земјоделство како што се Советот за земјоделство и рурален развој, потсекторските групи, социјалните и економски партнери на Министерството, а беше презентирано и кратко видео за важноста на учеството на граѓанските организации во секторските работни групи, а Лилјана Јоноски, како извршна директорка на Рурална Коалиција, истакна дека од особено значење е транспаретноста, но и отчетноста на институциите, а вклучувањето на земјоделците и граѓанските организации од самиот почеток во процесите на креирање на политики и мерки ќе значи и успешна имплементација на истите, но и креирање на мерки согласно потребите на земјоделците
Како препораки од дебатата произлегоа: унапредувањето на комуникацијата и транспарентноста на институциите, изнаоѓање на демократски начин за вклучување на граѓанските организации и земјоделците во работните тела на МЗШВ, воспоставување редовен канал за информирање и комуницирање со сите засегнати чинители, редовно објавување на повици за членство и одржување состаноци, зголемување на транспарентноста на работата на телата по примерот на ИПАРД-комитетот кој што се смета за едно од најтранспарентните тела кое што овозможува вклучување на сите засегнати чинители.
Целосната анализа на телата и механизмите кои што го овозможуваат вклучувањето на земјоделците и граѓанските организации е достапна ТУКА
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
Поднесена кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага
Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица.
Вчера (18.12.2025 година), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 33 физички лица и тоа: Б.Д. (39), Ф.А. (40) и К.П. (36) сите од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) во врска со „помагање“ (чл.24) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, В.С. (51) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) во врска со „поттикнување“ (чл.23) од КЗ, В.К. (53) од Пробиштип, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Б.З. (47) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв чл.23 вв.ст.1 вв ст.45) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Д.М. (62) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1) и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, А.М. (58), Џ.К. (30), Б.Н. (44), М.Ц. (40), Б.Ч. (53), П.С. (30), Л.П. (28), Ј.П. (40) и Д.З. (45) сите од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, С.Г. (47) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1) од КЗ, Ф.З. (46) и И.С. (46) од Куманово, З.Б. (39), А.Б. (37), А.М (40), А.М. (53), Т.С. (45), З.В. (58), Б.К. (27) и П.Ј. (28) сите од Скопје, В.С (58) од Неготино, Б.К. (55) од Кочани, Ѓ.К. (63) од Велес, В.К. (32) и С.М. (40) од Штип и В.Т. (47) од Пехчево за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.1) во врска со „соизвршителство“ (чл.22) од КЗ и против две правни лица од Скопје и Куманово за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) од КЗ.
Пријавените Б.Д., Ф.А., К.П., В.С., Д.М., В.К. и Б.З., во текот на 2023 година создале група која имала за цел вршење на кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Кон оваа група се приклучиле М.Ц., Б.Ч., Л.П., П.С., Ј.П., А.М., Б.Н., Џ.К., С.Г., Д.З., Ф.З., З.Б., З.В., И.С., А.М., В.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., кои во текот 2023 и 2024 година, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.
Во текот на 2023 година, со намера да се изигра постапката, по претходно договорена и изготвена техничка спецификација за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлонска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина Дооел Скопје, дел од припадниците на злосторничкото здружување, во својство на службени лица не ја извршиле својата службена должност. Истите договориле на Огласот за јавна набавка, да се пријават правните лица од Скопје и од Куманово, при што правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со понуда со непотполна документација и повисока понудена цена од правното лице од Скопје, кој дал понуда во износ речиси идентичен со проценетата вредност на јавната набавка, иако истата не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствије овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 400.400.000 денари без ДДВ, односно 472.470.407 денари со ДДВ (7.682.445 евра) на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.
По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела пријавените В.С., В.К., К.П., Ф.А., Б.Д., Ф.З., Б.З., З.Б., З.В., И.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., во периодот од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и со намера да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на парични средства кои биле прибавени со наведените кривични дела, пуштиле во оптек, примиле и пренеле парични средства во вкупен износ од 125.556.930,00 денари (2.041.576 евра) и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Извор: МВР
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,635 ден/кг.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.
До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.
Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА
Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.
Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму
Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево1 денСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза1 денНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево19 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево20 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
