Македонија
Рурална Коалиција: Со конструктивни консултации до реални мерки во земјоделството и руралниот развој во државата
Земјоделците сметаат дека и понатаму се потребни унапредувања во делот на отвореноста и конструктивноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кога станува збор за нивното вклучување во процесите на креирање на мерки и политики.
На вчерашната јавна дебата во организација на Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење поддржан од програмата на Цивика мобилитас, беше истакнато дека Министерството треба да се залага за целосна инклузивност на земјоделците, но исто така и прифаќање на предлозите на земјоделците изнесени во телата во кои што е овозможено нивното учество. Исто така упатија на фактот дека е потребно вклучувањето во работните тела на Министерството треба да им биде познато на сите, треба да ги знаат условите согласно закон кои што треба да ги исполнат за да се вклучат, а Министерството е должно да го обезбеди вклучувањето на сите засегнати чинители во секторот.
Потсекторските групи беа истакнати како едни од најзначајните тела кои што го овозможуваат вклучувањето на земјоделците во креирањето на политиките, но Менде Трајковски од Сојузот на пчеларите, истакна дека се соочуваат со проблем кој ги поврзува сите и бараат начин како да се изнајде решение за патните трошоци, со тоа што треба брзо да се делува од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издвојување на средства од буџетот.
Кон оваа дискусија се придружи и Томе Тимов како претседател на локалното здружение Хорти Еко кој што е и член на потсекторската група за цвеќарство и хортикултура кој што токму поради непокривањето на патните трошоци многу ретко присуствувал на состаноците на потсекторската група кои што од друга страна се и ретки, па апелираше и тој да се изнајде решение и за патните трошоци, но и ваквите состаноци да бидат далеку почести, да се објавуваат сите записници и донесени одлуки за да може секој да се информира и да се вклучи со свои предлози, а не само членовите на групите.
Раководителот на секторот за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-динот Гоце Георгиевски истакна дека сите политики се земени во предвид во овој кризен период, меѓутоа и дава критика дека треба повеќе да се земе сериозноста во обзир и за тоа каде се пресликуваат тие механизми во социјалната политика, и притоа како заклучок го истакна земањето во предвид на предлозите и препораките кои се носат како политики, но исто така и меѓусебното почитување.
Инклузивноста во работните групи е доста опфатена што значи секој треба да го даде својот придонес во зависност од групата што ја претставува.
Во текот на дебатата беа презентирани формите и механизмите за вклучување во работата на Министерството за земјоделство како што се Советот за земјоделство и рурален развој, потсекторските групи, социјалните и економски партнери на Министерството, а беше презентирано и кратко видео за важноста на учеството на граѓанските организации во секторските работни групи, а Лилјана Јоноски, како извршна директорка на Рурална Коалиција, истакна дека од особено значење е транспаретноста, но и отчетноста на институциите, а вклучувањето на земјоделците и граѓанските организации од самиот почеток во процесите на креирање на политики и мерки ќе значи и успешна имплементација на истите, но и креирање на мерки согласно потребите на земјоделците
Како препораки од дебатата произлегоа: унапредувањето на комуникацијата и транспарентноста на институциите, изнаоѓање на демократски начин за вклучување на граѓанските организации и земјоделците во работните тела на МЗШВ, воспоставување редовен канал за информирање и комуницирање со сите засегнати чинители, редовно објавување на повици за членство и одржување состаноци, зголемување на транспарентноста на работата на телата по примерот на ИПАРД-комитетот кој што се смета за едно од најтранспарентните тела кое што овозможува вклучување на сите засегнати чинители.
Целосната анализа на телата и механизмите кои што го овозможуваат вклучувањето на земјоделците и граѓанските организации е достапна ТУКА
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска
Македонија
СВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори. Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Македонија
Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).
Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала ( 4×4 ) се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала
· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Македонија
Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф.(44), Ј.К.(35) и И.С.(57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Ф.Ф.(47) сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“.
Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го поттикнале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени.
При извршени претреси на други локации пронајдени се парични средства во значителна вредност, информира МВР
-
Технологија2 денаКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (7 ноември)
-
Култура20 часаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Хороскоп12 часаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Македонија20 часаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Македонија2 денаАвтомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба
-
Балкан2 денаЦрвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
-
Магазин2 денаGoogle воведува проверка на возраста во Play Store: што значи ова за корисниците?
