Магазин
(ФОТО) Рурална Коалиција денес успешно го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини
Рурална Коалиција, денес го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини, со успешно завршување на Меѓународната академија на жени претприемачки од руралните средини и доделување на сертификати, како и со потпишување на декларацијата на Руралното Женско Лоби како активна заложба за заедничко делување и застапување за унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини како производителки на храна.
Едукацијата, вложувањето во знаењето, но и развојот на практичните вештини кај жените од руралните средини во делот на претприемништвото е од особено значење за жените, мали производителки на храна во руралните средини затоа што преку развојот на нивното производство и преработки директно се вложува и во процесот на нивно економско јакнење, просперитет, но и социјална инклузија во општеството. Имено, 25 жени од руралните средини во периодот од мај-септември 2022 година активно беа вклучени во првата Меѓународна академија за жени-претприемачки од руралните средини која што се спроведува кај нас.
Низ 13 вкупно модули водени од страна на фасилитаторки 25 жени успеаа да го поминат процесот на изработка на бизнис план, да размислуваат за унапредување на сопственото производство, да разменуваат меѓусебно знаења и искуства. Академија за жени претприемачки (AWE 2022), е иницијатива на Бирото за Образование Култура на Министерството за надворешни работи на владата на САД која го имплементира овој проект во над 90 земји во светот поддржувајќи повеќе од 16 000 жени, кај нас за прв пат преку партнерска соработка со Рурална Коалиција.
– Со доделувањето на сертификатите ќе го одбележиме овој успех на жените од руралните средини, но и ќе порачаме дека локалните хероини во производството на храна се токму тие, а на нас останува да го почитуваме нивниот труд, да ги споделуваме нивните приказни и да го поддржуваме секој нивен чекор понатаму, порача Лилјана Јоноски, извршна директорка на организацијата.
Незаменливо искуство, можност да се учи од најдобрите, но и да се сработи согласно сите стандарди и процедури, а не како што правиме ние само површно, напомена Емилија Пехчевска како производителка на слатко од шумски плодови, рибизли, бороџун како брендиран производ итн.
Од лични проблеми со кожата моја и на моите деца започнав со производство на органска козметика, а денес веќе сум дојдена до 20-тина различни производи и до степен на нивно брендирање. Оваа Академија ми помогна точно да знам каде да се насочам за да може да продолжам со мојата инвестиција и понатаму.
– Магдалена од Македонски Брод, спомна дека Академијата беше одлична можност за неа за да си ја искристализира идејата за развој на едукативен туризам каде што децата ќе може да одгледуваат и да берат овошје и зеленчук, а нивните родители да уживаат во природата и во посетата на пештерата Пешна која што се наоѓа во близина на имотот кој што го поседува.
За да ги продолжиме нашите напори и вложувања за унапредување, но и практикување на родовата еднаквост, денес ја потпишавме и декларацијата за активирање на работата на Руралното Женско Лоби кое што делува во Рурална Коалиција и која што ќе ги обедини трудот и посветеноста на жените, заедно со ревносната желба на Рурална Коалиција за подобро економско и социјално утре на сите. Ваквата декларација ќе ја почитуваат и потпишат сите жени кои што ќе станат дел од Руралното Женско Лоби кое што делува и ја јакне родовата компонента во Рурална Коалиција.
Првата академија за жени претприемачки од руралните средини Dream Builder ја организира Амабасадата на САД во Македонија во партнерска соработка со Рурална Коалиција, додека пак декларацијата за активирање на Руралното Женско Лоби ја потпишавме во рамките на поддршката за унапредување на активностите и делувањето на Руралното Женско Лоби се дел од проектот „Со европско знаење до подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, имплементиран од Рурална Коалиција, а поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија, Сида или Амбасадата на САД во Македонија.
Хороскоп
Хороскоп за среда (10 декември)
ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Магазин
Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости
• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта е да им се обезбеди на корисниците попаметен, побрз и поинтуитивен оперативен систем.
• Последното големо ажурирање за 2025 година, познато како Patch Tuesday, пристигнува на 9 декември и носи 16 нови или значително подобрени функции. Фокусот е ставен на визуелно освежување, подлабока интеграција на вештачката интелигенција и подобро секојдневно корисничко искуство.
Визуелно освежување и полесна употреба
• Полето за пребарување конечно е визуелно усогласено со висината на менито Старт, со што се решава долготраен дизајнерски недослед.
• Темниот режим во File Explorer е значително подобрен и сега ги опфаќа прозорците за копирање, преместување и бришење датотеки. Позната е грешка со кратко бело трепкање при стартување на File Explorer, а поправка е во подготовка.
• Други визуелни и практични подобрувања:
-
Windows Spotlight овозможува побрзо менување и истражување на позадините со десен клик.
-
Исклучување на лентата за влечење: Функцијата што се појавуваше при влечење датотека може конечно да се оневозможи преку поставките.
Вештачката интелигенција станува центар на системот
• Новата опција „Сподели со Copilot“ на лентата со задачи овозможува споделување преглед од апликации директно со Copilot Vision за анализа, помош или разговор.
• На Copilot+ компјутери:
-
Контекстното мени „Кликни за извршување“ нуди паметни дејства како отворање, зачувување или споделување со интеграција на Copilot.
-
Windows Studio Effects (заматување на позадина и корекција на контакт со очите) конечно работат и со USB веб-камери, не само со вградените.
Нови можности за гејмери и креативци
• Xbox Full Screen Experience се проширува и е достапен на повеќе лаптопи и десктоп компјутери. Овој режим нуди интерфејс сличен на конзола и намалува потрошувачка на ресурси — тестовите покажуваат ослободување до 2 GB RAM.
• За креативци и корисници на пенкала е воведена хаптичка повратна информација. Екраните на допир обезбедуваат суптилни вибрации при интеракција со елементи на интерфејсот, што го прави користењето поинтуитивно.
Поставките стануваат попаметни и поорганизирани
• Апликацијата Settings е реорганизирана за поприродно и брзо користење.
• Новитети:
-
Информации за уредот: На почетната страница се прикажуваат податоци за процесор, графичка картичка и RAM.
-
Виртуелни работни простори: Sandbox, Hyper-V и слични алатки добиваат ново, централно мени.
-
Мобилни уреди: Нов дел за управување со поврзаните телефони.
• Ова ажурирање претставува значаен чекор напред за Windows 11. Мајкрософт ги решава старите поплаки и додава интелигентни, современи функции кои го подобруваат брзото, безбедното и удобно користење на оперативниот систем.
Извор: 24H
Магазин
Водич за купување ChatGPT со вештачка интелигенција
• OpenAI ја претстави новата функција „истражување на пазарување“, создадена за да им помогне на корисниците при празничното пазарување. Функцијата е достапна за сите бесплатни и платени корисници на ChatGPT, на мобилни и веб-платформи, со „скоро неограничена употреба“ во текот на празничната сезона.
• Кога ќе поставите прашање за пазарување, како на пример „најдобри телевизори при силна светлина“, ChatGPT ќе понуди копче за дополнително истражување. Тука се активира улогата на „личен купувач“, иако OpenAI предупредува дека може да има грешки во детали како цена и достапност, па се препорачува проверка на страницата на продавачот.
• Корисниците можат да ги прецизираат своите избори преку низа прашања и филтри, кои се базираат на:
-
цена
-
наменета употреба
-
специфични карактеристики
Овој процес е многу сличен на филтерите на малопродажни веб-страници.
• Производите што ChatGPT ги предлага може да се купат преку веб-страниците на трговците, но OpenAI планира да воведе Instant Checkout, што ќе овозможи директни купувања во ChatGPT кај поддржани трговци.
• OpenAI не е единствениот што додава купувачки функции во своите системи.
-
Google неодамна претстави нови AI-функции за купување во својот AI режим.
-
Perplexity Comet прелистувачот овозможува AI да купува во ваше име, што наиде на критика, особено од Amazon.
Овој тренд го поврзуваат со т.н. „проблем на DoorDash“, како што го нарече Нилај Пател од The Verge.
• Според OpenAI, системот е изграден врз GPT-5 mini, оптимизиран за задачи поврзани со купување. AI користи препораки од „квалитетни извори“ со ажурирани информации за:
-
цена
-
достапност
-
прегледи
-
спецификации
-
слики
• ChatGPT може да ги земе предвид и претходните разговори и меморијата на корисникот, ако е вклучена. Корисниците можат да оценат производи со копчињата „повеќе ми се допаѓа“ и „не ми се допаѓа“.
• Корисниците на ChatGPT Pro ќе добиваат проактивни препораки, организирани во „водичи за купувачи“, засновани на нивната претходна активност во Pulse.
Пример: ако корисник разговарал за електрични велосипеди, Pulse може да предложи соодветни додатоци.
Извор: PcPress
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево18 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево21 часКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза19 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Хороскоп7 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија16 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана







