Следете не

Здравје и убавина

Три природни антибиотици кој се корисни за здравјето на човекот

Објавено пред

на

Антибиотиците со напредокот на медицината достигнаа да се хемиски спој од неколку природни елементи. Овие три намирници се најкорисни за здравјето на човекот:

Жалфија

Порано се користела како антибиотик. Особено е добра за грлото, респираторните инфекции, како и инфекциите во устата. Исто така е корсна за желудечните инфекции и проблемите со цревата. Помага и при намалување на температурата и болките во телото кои се јавуваат на почетокот на настинка и грип.

Мед

Докажано е дека има антибактериски особини, дека може да излечи осип на кожата, изгореници и гребнатини, да ги исчисти забите и устата од бактерии и да го запре крварењето на непцата, а делотворен е и во лекувањето на чиреви и пликови. Но, многу е важно да изберете вистински мед.

Цимет

Во едно истражување откриено е дека циметот може да ги уништи повеќето бактерии кои се наоѓаат во болниците, но и дека е смртен непријател на бактеријата Ешерихија коли.

Здравје и убавина

Што се случува во организмот кога ќе престанете со пушењето цигари?

Објавено пред

на

Сигурно сте се запрашале едноставно како ќе реагира вашето тело кога ќе престанете да пушите? Некои ефективни дејства се појавуваат речиси веднаш, а останатите доаѓаат со текот на времето и стареењето.

– По 20 минути вашиот крвен притисок и пулсот се враќаат во нормала.

– По 24 часа јаглеродниот моноксид исчезнува од вашето тело.

– По 48 часа никотинот е исфрлен од вашето тело.

– Помеѓу втората и 21-та недела се подобрува циркулацијата на крвта.

– По една година се намалува ризикот од срцев удар за една половина.

– По 10 години се намалува ризикот од рак на белите дробови.

Дали ова се доволно добри причини засекогаш да се решите од оваа лоша и нездрава навика и веднаш да ги фрлите цигарите?

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Истражување покажало кое време е погодно за појадок

Објавено пред

на

Доста познато е дека појадокот е најважниот оброк во денот, но веста е дека експертите сметаат дека треба да се јаде во рани зори.

Имено, според новото истражување, појадувањето до 7 часот би можело да го продолжи животниот век.

Претходните истражувања покажаа дека јадењето доцна навечер го нарушува внатрешниот часовник на телото и го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Сепак, само неколку студии се осврнаа на прашањето дали времето за појадок има слично влијание. Затоа научниците од Универзитетот во Њујорк сакале да откријат дали времето на првиот оброк во денот е поврзано со долговечноста.

За таа цел, тие неколку децении следеа повеќе од 34.000 Американци на возраст над 40 години.

Волонтерите го забележаа времето на оброци, а научниците ги споредија со стапката на смртност за време на студијата.

Резултатите, објавени во списанието Journal of Nutrition, покажаа дека оние кои појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале шест отсто помали шанси да умрат предвреме од сериозни болести како што се срцеви заболувања или рак, отколку оние кои појадувале редовно во 8 часот наутро како 12 отсто помал ризик од рана смрт од оние кои го консумирале првиот оброк во 10 часот, известува Б92.

Се смета дека прескокнувањето на појадокот или јадењето доцна го нарушува „часовникот за исхрана“ на телото – внатрешно програмирање кое го контролира ослободувањето на диететски хормони, како што е инсулинот.

Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови. Јадењето подоцна може да значи дека телото постепено произведува помалку инсулин и го зголемува нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес и срцеви заболувања.

Извор: vesti-online

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овие намирници дефинитивно содржат најмногу протеин

Објавено пред

на

Познато е дека месото е најбогатиот извор на протеини, но овие шест видови на зеленчук содржат аминокиселини, така што за да ги добиете сите хранливи вредности од нив потребно е правилно да ги користите.

Грашок

Половина шолја грашок содржи три ипол грама протеини. За да направите идеално избалансиран оброк, подготете свежа супа од грашок, грашок на пареа со друг варен зеленчук по избор.

Спанаќ

И Попај го јадел затоа што знаел колку е богат со протеини. Половина шолја спанаќ содржи три грама протиени.

Компир

Речиси сите знаат дека и компирот е богат со протеини. Испечете го компирот или сварете го и искористете ги неговите протеини.

Брокула

Не само што е богата со влакна туку содржи и два грама протеини во една порција, Брокулата можете да ја подготвите на многу начини, па така таа никогаш нема да ви здосади.

Прокељ

Оваа намирница не ја обожуваат баш сите но таа е вистинска ризница на протеини, витамин К и калиум. Помага во борбата против супстанците кои предвизвикуваат рак.

Пченка

Покрај тоа што е многу вкусна намирница, пченката исто така е богата и со протеини. Подгответе ги салата од пченка или едноставно испечете ја пченката и уживајте.

ФОТО: NatureFriend

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (22 јануари)

ОВЕН Набрзина донесувате одлука што не ви го нуди вистинското решение. И покрај тоа што знаете дека работите не одат...

Социјални мрежи8 часа

Што се случува во „Twitter“ – отпуштени двајца клучни луѓе за безбедноста на социјалната мрежа

Твитер остана без двајца главни луѓе, кои се задолжени за безбедноста на популарната социјална мрежа. Имено компанијата го отпушти Петер...

Македонија11 часа

Денес 2,071 нов случај на Ковид-19 од 6,010 тестови..

Во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19: • Скопје – 1.047...

Македонија12 часа

МЗ со предлог за намалување на ковид изолацијата од 10 на 7 дена

На состанокот на Комисијата, денеска, не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со...

Скопје14 часа

Пријавен грабеж во скопскиот црковен храм „Константин и Елена“

На 20.01.2022 во 09.40 часот било пријавено дека во временскиот период од 14.01. до 18.01.2022 на ул.„Македонија“ во црквата „Константин...

Македонија15 часа

Најнови информации за патниот сообраќај, поради снег забрана за ТТВ и за Струга – г.п Ќафасан

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови...

На денешен ден24 часа

На денешен ден: 21 јануари

793 – Францускиот крал Луј XVI е погубен на гилотина. Тој беше соборен од Револуционерната конвенција во септември 1792 година,...

Македонија24 часа

Поради врнежи од снег воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово.

Од 4:50 поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар...

Македонија1 ден

Внимание во сообраќајот поради ниските температури застапена е голомразица по патиштата

За денес се најавени пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за (21 јануари) – петок

ОВЕН Ова ќе биде релаксиран работен ден во однос на претходните. И понатаму трошите многу енергија на најразлични договори и...

НАЈЧИТАНИ