Следете не

Магазин

„Рурална Коалиција“ помеѓу кичевчани, како да стигнеме до одржлив развој во руралните заедници

Објавено пред

на

Земјоделското производство секоја деценија се намалува за 6%. Од друга страна Ковид пандемијата ги намали приходите од земјоделските активности во некои региони дури за 60% согласно теренските истражувања на Рурална Коалиција. Жените од руралните средини не беа вклучени во ниту една мерка од економските пакети на Владата за излез од Ковид 19 пандемијата, а оваа година се соочуваме со скапи репроматеријали, недостиг на храна и суровини, намалување на површините кои што се обработуваат.

И токму Рурална Коалиција изминатите две години активно се соочуваше и работеше на намалување на ваквите предизвици со кои што се соочува земјоделството и руралниот развој во нашата земја, преку јакнење на капацитетите на локалните здруженија и индивидуалните земјоделци, развој на дигиталните вештини и електронската комуникација во руралните средини, создавање на цврста соработка и плодна соработка со општините, но и на зајакнување на економската активност на жените и младите во руралните средини и практикување на родовата еднаквост. Ваквите достигнувања на завршниот настан беа изнесени низ опсежна видео приказна која што ги опфаќа убавините на земјоделските краеви, но и која што говори како со граѓански ангажман може да се создадат позитивни промени во локалната заедница кои што имаат потенцијал да водат до одржлив рурален развој.

“Успеавме да ја креираме првата мерка за поддршка на жените од руралните средини преку работната група за родова еднаквост и економско зајакнување на жените во руралните средини која што е формирана во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, активно бевме вклучени во изработката на бројни закони од областа, а успеавме да дефинираме и 3 заложби кои што ќе го унапредат квалитетот за живот во руралните средини, а кои што и официјално се дел од Националниот акциски план за Отворено Владино Партнерство.

Го отворивме првиот женски рурален е-пазар “Наша тезга“ како одговор на пандемијата со Ковид 19, а го основавме и локалниот центар за поддршка на е-владеење во општина Кичево, што пак значи дека локалното население ја има целокупната логистичка и техничка поддршка кога станува збор за електронската комуникација со институциите и на таков начин придонесуваме кон реализација и на Дигиталната агенда на државата, спомена Лилјана Јоноски, како извршна директорка на Рурална Коалиција.

Дарко Белески, пак како раководител на секторот за локален економски развој во општина Кичево, го истакна значењето на соработката на општината со граѓанските организации особено гледајќи го низ призмата на постигнување на поголема транспарентност и отчетност на општината, како и директен придонес на сите локални чинители во развојот на општината.

“На нас соработката со граѓанските организации ни е клучна затоа што граѓанските организации се тие кои што ги носат идеите, тие кои што вршат притисок на нас како локални власти и единствениот начин како да придонесеме кон развојот на локалната заедница и руралните средини кај нас е токму преку создавање на отворена и долгорочна соработка со локалното население, граѓанските организации и приватниот бизнис сектор, а во насока на изнаоѓање на заеднички инвестиции и решенија за потребите на граѓаните кои што ќе бидат од интерес на сите!“

Токму во таа насока и заврши настанот за промоција на резултатите на работењето на Рурална Коалиција во изминатите 2 години, односно со официјализирање на иницијативата за формирање на Локалната Акциска Група Треска која што ќе делува на територијата на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод вклучувајчи ги сите чинители, а беше претставена и стратегијата за локален економски развој на руралните средини на трите општини што пак ќе биде и главната нишка преку која што ќе се продолжи одржливото работење и делување на Рурална Коалиција.

Изминатите 2 години планот за работа на Рурална Коалиција беше поддржан со институционален грант на Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска

Хороскоп

Хороскоп за недела (28 мај)

Објавено пред

на

ОВЕН

Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Можни се проблеми со алергиската реакција.

БИК

Незадоволни сте со ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци. Нее поволен ден за нова врска, може да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Сѐ уште не сте задоволни со ситуацијата на деловно поле. Како ништо да не оди во склад со вашите очекувања. Водите инат. Ни вие ни партнерот не сте подготвени да попуштите. Не претерувајте. Без поголеми проблеми.

РАК

Внимавајте како ги бирате соработниците за да не се каете подоцна. За тоа е потребна трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој да ја подобри атмосферата. Болки во долниот предел на стомакот.

ЛАВ

На финансиско поле нема место за нови грешки. Можна е шанса за добивање хонорарна работа. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете спремни и на жртвување. Многу е важно да ја подобрите кондицијата.

ДЕВИЦА

Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случиле на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки. Минливи болки во грлото. Пијте чаеви.

ВАГА

Наскоро би можеле да добиете поволни вести од страна на фирмата во која сте конкурирале. Сепак, бидете внимателни. Не може да дочекате од партнерот да го слушнете неговото мислење во врска со вашите идеи. Внимавајте во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

Новата работа не ви ги донесе резултатите кои ги очекувавте. Тоа ви носи дополнителна нервоза во животот. Не е во ред секаде и на секое место место отворено да флертувате. Повлечете рачна кочница. Проблеми со белите дробови.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да постигнете успех на деловно поле потребно е да бидете максимално фокусирани. Бројните искушенија кои ги имате само ќе послужат да ја тестираат вашата посветеност кон моменталниот партнер. Проблеми со бубрезите.

ЈАРЕЦ

Иако моментално од некои работи немате преголема корист, профитот ќе дојде кога најмалку се надевате. Не го притискајте партнерот дополнително бидејќи и без тоа е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.

ВОДОЛИЈА

Секоја дополнителна задача за вас претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. Покрај себе имате партнер кој ве разбира и добро ја познава вашата природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.

РИБИ

Упорно се обидувате со нови потези и тактики, но како ништо да не дава резултати. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате на деловно поле и која ќе ви даде поддршка. Во добра форма сте.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Објавено пред

на

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена од екстремни температури.

Ако продолжи сегашното темпо на глобалното затоплување, милијарди луѓе ќе останат надвор од „климатската ниша“ во опасно топли услови, се вели во студијата објавена во понеделникот во списанието Nature Sustainability, објави Си-Ен-Ен.

Се проценува дека такво влијание врз луѓето би имало доколку светот продолжи по својата проектирана траекторија и се загрее за 2,7 степени Целзиусови до крајот на векот во споредба со температурите пред индустриската револуција. Земајќи ги предвид и очекуваното глобално затоплување и растот на населението, студијата покажа дека до 2030 година, околу две милијарди луѓе ќе бидат надвор од „климатската ниша“ и ќе се соочат со просечни температури од 29 степени Целзиусови или повеќе, а до 2090 година тој број ќе изнесува околу 3,7 милијарди луѓе.

еден од двајцата главни автори на студијата, Тимоти Лентон, рече дека една третина од светската популација може да живее во овие климатски услови.

„Тоа е длабоко преобликување на способноста за живеење на површината на планетата и потенцијално може да доведе до голема реорганизација на местото каде што живеат луѓето“, рече Лентон, кој е и директор на Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.

/B92

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (27 мај)

Објавено пред

на

ОВЕН

Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага по нова врска, можеби ќе запознаете токму денес нова личност. Водете сметка за здравата исхрана.

БИК

Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи кон партнерот и неговата искреност кон вас. Одлично се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ќе ви се укаже можност да остварите дополнителни приходи, но се двоумите дали да ја прифатите бидејќи сте загрижени околу многубројните обврски кои доаѓаат со неа. Во еден момент можеби ќе почувствувате силно чувство на осаменост. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Доколку сега покажете максимална посветеност, наредниот период ќе во донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале. Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да прави компромис. Помали проблеми со грлото.

ЛАВ

Денешниот ден ви носи многу предизвици и препреки во остварувањето на целите. Не заборавајте дека само со трпение може да ги надминете. Во вашето блиско опкружување постои личност која е вљубена во вас. Потребен ви е одмор.

ДЕВИЦА

Периодот на стагнација во кој бевте досега конечно завршува и уште денес ќе чувствувате голем ентузијазам да го дадете својот максимум. Саканата личност ве повреди многу и не можете да и простите. Можни се проблеми со видот.

ВАГА

Доколку сте планирале напредок на работното место, сега е вистинско време да се посветите на неговото остварување. Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност за нејзиниот труд и посветување на вашата врска. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.

ШКОРПИЈА

Денешниот ден ќе ви донесе комплицирана ситуација за чиј резултат ќе одлучи некој ваш претпоставен или соработник. Ве очекува интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Добро ќе ви дојде некоја рекреација во природа.

СТРЕЛЕЦ

Полека се сложуваат сите коцки и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин. Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите да си го признаете тоа. Проблеми со здравјето поради стрес.

ЈАРЕЦ

Денес и мал пад на концентрацијата или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја ваша постапка. Можна е кавга поради различните ставови со партнерот во врска со некое важно прашање. Склони сте кон настинки.

ВОДОЛИЈА

Ги избегнувате обврските бидејќи чувствувате дека немате сила на сите полиња да го дадете својот максимум. Би сакале да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која ви одговара. Мал пад на имунитет.

РИБИ

Сѐ појасно ви е дека условите на моменталното работно место се многу неповолни за вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива. Денешниот ден ви носи некаква бурна расправа со партнерот. Водете сметка за стомакот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за недела (28 мај)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Временска прогноза7 часа

Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..

Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. И во следните 10-тина денови од пладневните...

Спорт8 часа

ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија

Утре од 17:00 часот се играат бараж натпреварите во третата Македонска фудбалска лига за влез во Втората лига, додека распоредот...

Спорт12 часа

Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на...

Lifestyle15 часа

Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (27 мај)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Кичево1 ден

Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..

Во Кичево започнува со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените кои живеат на територијата...

Скопје1 ден

Во недела во Скопје поради ревијална трка на велосипеди и ролерки ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална...

Спорт1 ден

Македонија до 18 поразена од Србија во Стара Пазова

Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија. На натпреварот кој...

Lifestyle2 дена

Neuralink на Маск доби дозвола да тестира мозочни импланти на луѓе

Стартапот на Илон Маск, Neuralink, објави дека добил одобрение од американските регулатори за тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе,...

НАЈЧИТАНИ