Кичево
Чествување за Узунов во село Цер
Денес на споменикот во село Цер кичевско, беше одбележана 113 годишнината од саможртвата на Христо Узунов и неговите соборци, кои за да не паднат живи во рацете на непријателот сами си го одзеле животот.
На денешното чествување во село Цер, најпрво учениците од ЦОУ „Христо Узунов“ од село Другово ја изведоа химната и песната за Узунов, три ученика од ова училиште прочитаа песни поврзани со овој настан, додека наставничката по историја Виолета Петкоска, прочита реферат поврзан со животот и делото на Узунов.
Подолго обраќање пред присутните имаше професорот во пензија Д-р Павле Митрески.
-Подвигот во селото Цер претставува финале на големата биографија на Христо Узунов. Во тој легендарен настан е вплетена цела историја на неговиот живот, дадени се оправдувања на идеите за кои живеел, на принципите за кои се борел. Во тој негов подвиг е искажана целата добродетел на херојот, да ја покаже на дело својата верност кон македонското ослободително дело, и да им служи како пример на останатите генерации. Трагедијата во Цер претставува крај на неговите желби и стремежи да се вивне кон светлите часови на слободата-истакна меѓу другото професорот Митрески.
Потоа пред споменикот букети свежо цвеќе положија делегации од родниот Охрид, училиштата со неговото име од Охрид и село Другово, АРМ и голем број почитувачи на делото на Узунов.
ФОТО и Извор: Зоран Антоски
Кичево
Без електрична енергија моментално Кичево, с.Лавчани, Подвис, превој Стража
Од пред 15 минути град Кичево, превој Стража, како и кичевските села Подвис и Лавчани останаа без електрична енергија, а с.Челопеци и регионот има нестабилна ел. енергија преку целиот ден и претходно 3-4 дена.
Според неофицијални извори станува збор за посериозен дефект поради снег.
– Вработените на ЕВН КЕЦ Кичево активно работат на терен и веруваат дека проблемот со електричната енергија ќе го санираат во најкус можен рок
За нови информации, ќе ја известиме јавноста.
* Најново инфо: Од предмалку пречките во електроснабдување на локациите се надминати.
Кичево
„IQ-UP“ Кичево и нивните дечиња во петок организираат хуманитарна новогодишна работилница, сите заедно да допринесеме и да помогнеме каде е најпотребно!
🎄✨ Драги пријатели, со големо задоволство ви најавуваме новогодишна хуманитарна работилница која ќе се одржи на 27.12.2024г (петок) од 18:00 до 19:30ч во IQ UP! Училишниот центар – Кичево. Во време кога магијата на празниците е присутна, а добрината треба да биде во центарот на нашето внимание, ние ќе се собереме за да создадеме нешто прекрасно за нашата заедница.
💫 Што можете да очекувате? 💫
– Уметнички и креативни активности: ќе правиме новогодишни честитки со елка што светнува, добро познатите што веќе сме ги правеле IQUP! природни сапунчиња направени со природни состојки ( мед, кокосово масло.. етерични масла..)
– Задоволство од заедничкото работење: секој од нас може да додаде свој уникатен печат на празничниот дух!
Целите на работилницата се од хуманитарен карактер бидејќи во ова време од годината, важно е да потсетуваме на значењето на љубовта, споделувањето и хуманоста.
🌟 Дојдете да се дружиме и направиме нешто убаво за другите! 🌟
🎄✨Вашето присуство и учество ќе направат разлика! Со колективен труд, можеме да донесеме светлина во животи на оние што на тоа им е најпотребно. Кога работиме заедно, создадеме не само убава атмосфера, туку и водиме кон подобра иднина. 🔔
Изработките од вредните рачиња на дечињата можат дополнително да се купат и со тоа повеќе да допринесеме во нивната хуманитарна мисија!
Цената ќе биде симболична и со попуст и ќе изнесува 200 денари. Регистрација преку тел бр. 071/777-939 или информирајте се на официјалните профили на социјалните мрежи фејсбук: IQ-UP – Кичево – ТУКА и инстаграм IQ-UP – ТУКА
Кичево
Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите
Градежна механизација и оператива на изведувачот ГД „Гранит“ – АД Скопје во текот на утрешниот ден (петок) 20.12.2024 во временски период од 10:00-13:00ч во делот на девијацијата кај месноста „Крушино“ и пат до с.Кнежино кичевско, ќе врши градежни активности – асфалтирање во делот на спојот на стариот со новиот поставен асфалт.
За таа цел се упатува молба до сите граѓани кои транзитираат до с.Кнежино, „Крушино“ или „Куќа на Уметноста“, односно кои ја користат оваа локална делница да имаат разбирање и трпение додека завршат активностите околу предвидените градежни работи кои според информациите ќе траат половина час, информираат од месната заедница на с.Кнежино преку своето електронско гласило knezino.mk
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (25 декември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (26 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Најава за нова снежна покривка, до денес во Маврово имаме најмногу снег
-
Временска прогноза11 часа
Според најновите метео алатки, се очекува доста поладна зима во јануари и февруари
-
Кичево2 дена
Без електрична енергија моментално Кичево, с.Лавчани, Подвис, превој Стража
-
Мобилни уреди20 часа
iPhone 18 Pro би требало да добие камера со променлива решетка, а неговата промоција се очекува кон септември 2026 година?
-
Lifestyle7 часа
Сите ја сакаме оваа храна, но таа е главен виновник за високиот крвен притисок
-
Магазин1 ден
Вештачката интелигенција ќе преземе 15% од деловните одлуки до 2028 година