Македонија
Денеска 721 нови случаи на Ковид-19, драстичен скок на новозаболени

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 357
-Прилеп 72
-Кавадарци и Гевгелија по 42
-Неготино 30
-Охрид 26
-Велес 20
-Гостивар 18
-Куманово 17
-Битола 16
-Кочани 12
-Крушево 10
-Струга 8
-Штип и Богданци по 7
-Крива Паланка 5
-Кичево, Ресен и Валандово по 4
-Тетово и Виница по 3
-Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево по 2
-Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1
Починати се 9 лица, по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:
-Скопје 750
-Делчево 120
-Охрид 97
-Кавадарци 85
-Тетово 80
-Велес 74
-Струмица 64
-Гостивар 57
-Прилеп 51
-Битола 42
-Куманово и Кичево по 38
-Струга 35
-Штип 25
-Гевгелија, Ресен и Дебар по 22
-Крушево 19
-Неготино, Кочани и Демир Капија по 15
-Радовиш 14
-Крива Паланка 12
-Виница и Свети Николе по 8
-Богданци 6
-Македонски Брод 4
-Кратово 3
-Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово по 2
-Дојран и Демир Хисар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.
Македонија
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома

Министерството за здравство информира дека денес 6 пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство. Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград). Исто така, од Италија се враќа еден пациент.
Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.
Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, истакна предмалку Министерството за здравство
Македонија
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

На 31.03.2025 во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ.
Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна, истакна МВР.
Македонија
Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
-
Спорт12 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Хороскоп7 часа
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза20 часа
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Спорт2 дена
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Lifestyle2 дена
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили2 дена
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Скопје15 часа
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците