Македонија
Доаѓа големиот христијански празник Свети Ѓорѓија – Светецот кој ја убил ламјата што на народот му правела голема штета

Православните верници во понеделник на 9 декември го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.
Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија ) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.
Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: „Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!“.
Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења.
Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се.
На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на популарна легенда во христијанската митологија. Според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.
За многу години!
Македонија
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома

Министерството за здравство информира дека денес 6 пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство. Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград). Исто така, од Италија се враќа еден пациент.
Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.
Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, истакна предмалку Министерството за здравство
Македонија
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

На 31.03.2025 во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ.
Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна, истакна МВР.
Македонија
Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (30 март)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Спорт3 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Спорт1 ден
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Временска прогноза11 часа
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Lifestyle1 ден
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили1 ден
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Магазин1 ден
Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек