Храна
Домашна трпеза: Направете неодолива Божикна баклава

Потребни состојки:
1 кг. тенки кори
500 гр. мелени ореви
300 гр. ситно сецкани суви смокви
300 гр. суво грозје
1 кг. шеќер
1 литар вода
Сок од ½ лимон
Масло за јадење
Припрема:
Во подмачкана тава за печење ставете три кори, попрскајте ги со малку масло, па посипете малку ореви, сецкани смокви и суво грозје, па ставете две кори, па повторно ореви, смокви и грозје. Постапката повторувајте ја се додека не ви останат три кори со кои ќе ја покриете баклавата.
Баклавата исечете ја на коцки и печете на температура од 200 степени околу 40тина минути, односно не дури не добие златно жолта боја.
Во меѓувреме во тенџере на оган ставете ја водата, па додадете го шеќерот и оставете го да се растопи. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додадете го сокот од лимон. Штом ќе ја извадите баклавата од рерна, посипете ја со шербетот и оставете да остои барем три часа пред послужување.
Добар апетит!
Магазин
Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек

Состојки:
- 200 гр свежи печурки (или мешани по избор)
- Сол, бибер, свеж магдонос
- 50 гр путер (по можност несолен)
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 чаша (околу 200 гр) ориз арборио
- 500 мл пилешка или зеленчукова супа (за вегетаријанска верзија)
- Дополнителна вода или супа по потреба
- Пармезан (изобилно)
Подготовка
1. Подготовка на печурките
Исчистете и ситно исечкајте ги печурките. Пропржете ги во тава на средна температура без премногу маснотии, додека не омекнат и не ја испуштат сопствената течност. Зачинете ги со сол, бибер и свеж магдонос. Тргнете ги на страна.
2. Основа за рижото
Во истото тавче растопете го путерот, па додајте ситно исечкан кромид и лук. Пржете додека кромидот не стане стаклест и нежен, ослободувајќи ја својата сладост и арома.
3. Додавање на оризот
Додадете го оризот арборио и кратко пропржете додека не стане малку проѕирен и не ги впие аромите. Почнете постепено да ја додавате супата, по малку, со постојано мешање. Кога оризот ќе ја впие течноста, додадете уште супа. Овој процес треба да биде постепен за да се постигне карактеристичната кремаста текстура на рижото.
Кога оризот е речиси омекнат, вратете ги печурките во тавата за да се соединат вкусовите.
4. Финални чекори
На крајот, додадете уште малку путер за дополнителна кремастост и изрендајте изобилно пармезан. Нежно измешајте додека кашкавалот не се стопи и соедини со останатите состојки. По потреба, додадете дополнително сол и бибер.
Совети за совршено рижото
✔ Често мешајте – мешањето помага да се ослободи скробот од оризот, што му дава на рижото кремаста текстура. ✔ Не го плакнете оризот – за разлика од другите јадења, овде скробот е клучен за вистинскиот резултат. ✔ Користете топла супа – додавањето ладна течност го забавува готвењето и ја менува текстурата. ✔ Додадете сирење и путер на крајот – за да се задржи нивниот полн вкус и да му дадат финален сјај на јадењето.
Без разлика дали го правите за себе или го споделувате со некој близок, кремастото рижото со печурки секогаш ќе биде вистински избор! Уживајте во готвењето и во секој залак!
Извор: LIZ
Магазин
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?

Иако денес киселото млеко лесно се наоѓа во продавниците, вкусот на домашното кисело млеко не враќа во детството. Процесот на подготовка е едноставен, бара минимално време, а резултатот е природен, вкусен и здрав производ кој не може да се спореди со индустриските варијанти.
Освен што има богат и кремаст вкус, киселото млеко е одличен извор на протеини и пробиотици, кои го подобруваат варењето на храната и ја одржуваат балансот на цревната микрофлора.
Состојки:
- 3 литри млеко (по можност со 3,8% маснотии)
- 1 лажичка шеќер
- 350 г кисела павлака
Начин на подготовка:
- Во млекото додадете шеќер и оставете го да зоврие.
- Потоа исклучете го огнот и оставете го малку да се излади. Оптималната температура е ако можете да го држите прстот во млекото 10 секунди без да ве пече. Некои баби ја проверувале температурата и со лактот – ако не е премногу жешко, значи дека е подготвено.
- Одвојте околу 300 мл топло млеко во посебен сад и додајте ја павлаката. Измешајте добро додека не добиете мазна смеса.
- Истурете ја оваа смеса во остатокот од топлото млеко и убаво измешајте со лажица.
- Префрлете го млекото во сад во кој ќе се закисели. Најдобро е да користите глинена тегла, но може и друг сад.
- Покријте го садот со кујнска крпа и оставете го преку ноќ на собна температура.
- Следното утро, ставете го киселото млеко во фрижидер и оставете го 24 часа пред да го консумирате.
Совет:
Некогаш мајките додаваа кора од леб во млекото за да помогнат во згуснувањето. Доколку користите млеко со помала масленост, ова е одличен начин да добиете погуста текстура.
Со овој рецепт, ќе подготвите вкусно, природно и здраво домашно кисело млеко, исто како што правеле нашите баби!
Извор: RadioSA
Храна
(ВИДЕО) Мудар начин како да ја воочите разликата помеѓу природна и вештачка храна

Ова е начинот да забелижите која храна е природна а која вештачка, имено вештачката или ГМО храна е поубава, позаоблена, посјајна, со еднаква големина и изглед, со сјајна боја, без модринки и оштетени делови, без знаци за гниење…
Вештачкото месо, исто така, изгледа добро. Но, доколку обрнете внимание на црниот дроб и бубрезите ќе забележите дека тоа е лажна храна. Имено, ако бубрезите или црниот дроб од некои животни ви делуваат болно, не го купувајте тоа месо бидејќи тие животни најверојатно се хранети со ГМО сточна храна.
На кратко, вештачката храна содржи пестициди и хемиски вештачки ѓубрива, содржи генетски модифицрани организми и сл.
Што мислите, ја чувствуваат ли луѓето разликата меѓу обичната и органската храна?
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (30 март)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Спорт3 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Спорт1 ден
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Временска прогноза11 часа
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Lifestyle1 ден
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили1 ден
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Магазин1 ден
Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек