Следете не

Кичево

(ФОТО) Сестринството од манастирот „Рајчица“ го изработуваат традиционалниот и уникатен Божиќен украс на „Витлеемска пештера“

Објавено пред

на

Еве наближува времето одново да се потсетиме на мигот кога Бог ни ја покажа Својата неискажлива и несфатлива љубов – раѓајќи се од Дева за да му донесе мир на светот и да го спаси целото човештво. Затоа треба сите да ја пренесуваме радосната вест за тоа свето раѓање, и од срце да се потрудиме Божик да го добие своето вистинско достоинствено место во христијанските домови. Бидејќи тогаш нашите домови треба да го понесат свечениот лик на Витлеемската пештера, за така украсени, со својот празничен амбиент да ја сведочат чудесната Божикна приказна за Божественото Дете, кое дојде кај нас и ни ги донесе мирот, радоста, љубовта. Така, со благослов на својот старец, архимандрит Партениј, Рајчичкото сестринство, поттикнато од желбата да ја внесе божикната атмосфера во православните домови, се погрижи и оваа година да изготви Божикни пештери покрај поголемиот интерес на верниците за овој традиционален, уникатен божикен украс.

Пештерите се направени од различни прикладни материјали, раскошно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце и претставуваат прекрасно надополнување на Божикното дрвце, во духот на нашата православна традиција.

Ги известуваме сите заинтересирани наши верници дека доколку сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена пештера (Цената на една пештера изнесува 2000 денари). Висока е околу 50 цм. Доколку сакате да си порачате може да ми се обратите преку порака. Истата ке може да си ја подигнете на 27 декември (недела) во дворот на црквата Св.Петар и Павле (12-15ч)

Напомена! Вашите порачки ке може да ги направите најдоцна до 25 декември. Нека божикната радост се всели во секој православен дом!

За порачки може да се обратите во порака на профилот ТУКА или на 27.12.2020 недела да бидете во дворот на кичевскиот храм Св.Петар и Павле.

Кичево

(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Објавено пред

на

©porta.mk

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!

Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!

Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.

  • Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
  • Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
  • Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
  • Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
  • Како главна награда „Air Fryer“  по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.

Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч

Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!

Прочитај повеќе...

Кичево

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Објавено пред

на

©porta.mk

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.

Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.

Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.

📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.

Бидете дел!

Прочитај повеќе...

Кичево

Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Објавено пред

на

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.

Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.

Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 минути

Google воведува видео функции со вештачка интелигенција во Gemini

Google започна со воведување нови AI функции во Gemini Live, овозможувајќи му на асистентот да „гледа“ преку екранот или камерата...

Магазин4 минути

OpenAI го одложува генераторот на слики за бесплатните корисници

OpenAI го одложи пуштањето на вградениот генератор на слики во ChatGPT за бесплатните корисници. Според извршниот директор Сем Алтман, алатката...

Македонија1 час

Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

На 31.03.2025 во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61)...

Временска прогноза2 часа

Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија

До четврток во Македонија и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, ќе продолжи периодот на...

Скопје13 часа

(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за понеделник (31 март)

ОВЕН Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска...

Спорт19 часа

ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар

Фудбалската федерација на Македонија се заложи за транспарентност и отчетност во своето работење како еден примарен постулат, со цел градење...

Lifestyle1 ден

Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени...

Автомобили1 ден

Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик

Калифорнија, како еден од најголемите пазари за електрични возила (ЕВ), има огромна побарувачка за инфраструктура за полнење. Според податоците на...

Lifestyle1 ден

Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти

Водата е есенцијален ресурс, но прекумерната потрошувачка може да доведе до високи сметки. Од перење алишта и туширање до готвење...

НАЈЧИТАНИ