Следете не

Кичево

По седум години конечно лекарски уверенија во Кичевската болница

Објавено пред

на

По седум години пауза, конечно и во кичевската болница ќе можат да се добијат лекарски уверенија, за кои во изминатиов период жителите од оваа општина мораа да патуваат во Охрид, Струга или Гостивар, да се изложуваат на дополнителни трошоци и денгуба.

Причина за неможноста во својот град да се добие лекарско уверение, беше одлуката на Републичкиот санитарен инспекторат, кој поради неисполнување на хигиено-техничките услови на оваа болница, забрани издавање на лекарски уверенија, а оваа одлука беше на сила полни седум години.

-На наше инсистирање конечно, по подолг период и во кичевската болница ќе може да се добие лекарско уверение а, по сите контроли извршени од страна на надлежните инспекциски служби и ресорното министерство, дадено е зелено светло и по добивањето на неопходното решение, нашите сограѓани повеќе ќе нема потреба за овој документ да патуваат во соседните градови Гостивар, Струга или Охрид и да се изложуваат на непотребни дополнителни трошоци. Исто така и, не помалку важно, е што и кадровски се екипираме, од специјализација се враќа офталмологот, а оние специјалисти кои се уште ни недостигаат доаѓаат од Прилеп и други градови, но во блиска иднина ќе ги добиеме и овие специјалисти, така што целосно екипирани, во блиска иднина, ќе можеме да одговориме на овие обврски-  рече директорката на кичевската општа болница Биљана Настеска.

Најзадоволни од ваквиот развој на настаните се секако граѓаните, бидејќи тие најмногу беа погодени од овој повеќегодишен проблем.

-Оваа информација беше најдобрата вест што ја примивме овој месец. Ние како повозрасни граѓани ќе моравме на секои три години по лекарско уверение да патуваме во соседните градови, без вистинска потреба да потрошиме дополнително пари а и денот да го загубиме во патување. Да се надеваме дека оваа одлука нема да биде краткотрајна и ќе можеме постојано да ги користиме услугита на нашата болница за добивање на лекарско уверение- истакнаа Александар и Стојмир , постари жители од Кичево.

Извор: Зоран Антоски /НоваМакедонија

Кичево

Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.

Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.

Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.

Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

Објавено пред

на

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.

Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.

Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:

Престижната генерација 2014:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили53 минути

„Шкода“ започнува со производство на новите автомобилски модели „Enyaq“ и „Enyaq Coupé“

Наследникот на третата најпродавана серија на целосно електрични модели во Европа минатата година влезе во производство. Škoda Auto започна со...

Магазин11 часа

Apple Intelligence доаѓа на Vision Pro во април

Гласините беа вистинити – Apple потврди дека Vision Pro ќе добие Apple Intelligence функции во април, со доаѓањето на visionOS...

Магазин11 часа

Дали вашата Google сметка е компромитирана? Еве како да препознаете и што да направите!

Во дигиталниот свет, безбедноста на вашата Google сметка е поважна од кога било. Ако забележите сомнителни активности, можно е вашата...

Магазин11 часа

iPhone добива поддршка од Google – Дали станува лидер во ерата на AI телефоните?

Најновата iOS 18.4 бета верзија открива интересен додаток – Apple го интегрира Google Gemini во својот екосистем, овозможувајќи им на...

Магазин11 часа

Еве кои Samsung телефони први ќе го добијат ажурирањето на One UI 7

Samsung ќе започне со објавување на One UI 7 ажурирањето од април, според најновите информации. Ова се поклопува со претходните...

Магазин11 часа

Хаос на Instagram: Алгоритмот ги преплавува корисниците со вознемирувачка содржина

Популарната социјална мрежа Instagram, која брои над две милијарди активни корисници месечно, се соочува со сериозен проблем. Голем број корисници...

Спорт13 часа

ФФМ најостро ги осудува злонамерните напади насочени кон претседателот Омерагиќ и претседавачот на комисијата за делегирање на судии Бартон

ФФМ предмалку истакна официјално соопштение до медиумите, кое гласи вака: – Во однос на последно објавеното соопштение на ФК Силекс,...

Македонија14 часа

(ФОТО) МВР откри и одзеде поголема количина на прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на с.Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица...

Временска прогноза24 часа

Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за четврток (27 февруари)

ОВЕН Ова не е премногу поволен ден за вашата работа. Можеби ќе имате некоја помала штета која ќе ве оптерети....

НАЈЧИТАНИ