Случувања
Тежок инцидент во Белгија на „Спа“: Алонсо прелета преку неколку болиди (ВИДЕО)
Трката за Големата награда на Белгија започна со опасен судир пред првиот свиок на патеката „Спа“.
Главен во инцидентот беше Фернандо Алонсо, кој прелета преку неколку болиди.
Покрај Фернандо Алонсо, надвор од патеката по инцидентот се Даниел Рикиардо, Леклер и Нико Хулкенберг.
https://youtu.be/h4CbC_wDhUc
Кичево
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во нашиот град Кичево ќе се одржи свечена поворка за објава на Лазаревото Воскресение, а воедно и подготовка за претстојните празници на Влегувањето Христово во Ерусалим (Цветници) и најголемиот христијански празник на Воскресението Христово (Пасха).
Свечената Литија ќе започне од градскиот плоштад, во 11:00ч. и ќе се движи преку Булеварот „Ослободување“, до храмот на светите апостоли „Петар и Павле“, проследена од псалти, музичари на традиционални музички инструменти и верниот народ.
Ве покануваме сите кои сакаат да земат учество да се вклучат да ја возобновиме оваа древна традиција на радост заради Воскресението Лазарево и нетрпеливо очекување на Христовото Воскресение свечено носејќи врбови гранчиња испратени со традиционални пенија, т.н. каланди.
Датум: 27.04.2024г.
Почеток: 11:00ч на градскиот плоштад во Кичево.
Ве очекуваме низ дружба и песна да го прославиме овој серадосен настан!
Еве како си поминавме пред 1 година, кликнете ТУКА
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Кичево
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираат од МВР.
-
Кичево2 дена
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи5 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Спорт2 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите