Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Концертот „Разиграни ноти“ вечерва успешно реализиран и максимално посетен од кичевчани

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Кичево и Клубот на млади денес на ден 24.12.2019 год. со почеток во 19ч. го реализираа предновогодишниот хуманитарен концерт под мотото „Разиграни ноти“.
На концертот свој настап имаа учениците од основните училишта „Санде Штерјоски“, „Д-р.Владимир Полежиноски“ , „Кузман Јосифоски -Питу“ и детската градинка „Олга Мицеска“, пијаниската Ана Софрониевска и групата Half God.
Влезниците беа распродадени уште пред почетокот на настанот, така што кичевчани уште еднаш покажаа дека хуманоста е на прво место!
Собраните сретства од настанот ќе допатуваат за набавка на училишни лектири.
Вака изгледаше концертот преку нашиот објектив, уживајте..
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
Кичево
Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.
Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.
Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (30 март)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Спорт3 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Спорт1 ден
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Временска прогноза11 часа
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Lifestyle1 ден
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили1 ден
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Магазин1 ден
Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек