Македонија
МВР измени серија закони за прекршоци, намали казни и усвои нови од кој еден е мерката времено одземање на возило

На денешната седница, Владата усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци.
Со овие усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните и тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.
Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства.
Од другите измени се издвојуваат продолжувањето на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години, како и мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци. – стои во фејсбук статусот на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома

Министерството за здравство информира дека денес 6 пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство. Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград). Исто така, од Италија се враќа еден пациент.
Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.
Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, истакна предмалку Министерството за здравство
Македонија
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

На 31.03.2025 во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ.
Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна, истакна МВР.
Македонија
Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (30 март)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Спорт2 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Спорт1 ден
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Временска прогноза10 часа
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Lifestyle1 ден
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили1 ден
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Магазин1 ден
Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек