Случувања
Вечерва Скопје: По расправија меѓу братучеди, додека ги делела, едниот со нож ја усмртил жената
Скопјанка била убиена вечерва во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.
Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.
Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.
Од МВР го потврдија убиството.
Според полицијата, две лица се приведени. Повеќе детали најавуваат за утре.
Македонија
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.
На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.
Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, на 12.11.2024 година, одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Временска прогноза
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
До крајот на денешниот петочен ден во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието. Во југозападните предели ќе има врнежи од дожд, додека на планините, а потоа во вечерните и ноќните часови кон утрешниот саботен ден и во некои повисоки населени места ќе има повремен снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина.
Утре (сабота) рано наутро сеуште во југозападните предели ќе има повремен дожд и снег, додека веќе во текот наденот, како и во недела ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност. Во недела во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, која понекаде ќе биде многу густа.
И во Скопскиот регион до крајот на денешниот петочен ден ќе имаме претежно облачно време со услови за сосема слаб локален дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот пак и таму ќе имаме претежно сончево време со појава на мала локална облачност. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде многу постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на високите и планинските места тие би можеле да бидат и пониски. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12, 13 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и 1 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 12 степени, пишува Славчо Попоски
Кичево
(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски
Христијан Трајаноски од Кичево е ново име на музичката народна сцена во Македонија. Запаметете го неговото име и следете ги неговите новости во музичките води, овој пат со преработката на една прекрасна нумера на доајенот на македонската народна музика Круме Спасовски – „Само за тебе“, ќе ни го најави почетокот на проектот „Народно до Максимум“, во продукција на маестро Златко Миладиноски.
Околу името од Христијан се врзуваат многу млади колеги од музичката сцена, кои му ја даваат безрезервната поддршка и на секој проект, како и на овој учествуваат во неговите новости и креации. Христијан Трајаноски со оваа песна најавува богата кариера пропратена со многу преработки на подзаборавени народни песни, но има и најава за авторска музика во блиска иднина.
Покрај оваа преработка, Христијан ни најави дека на 1.12 оваа 2024 година, не очекува и друг голем проект во негова реализација и видео креаторот Дарко Цветаноски / Cvetanski Footage од Кичево, за кој јавноста уште ќе сознава. Имено тој проект е соработка со најдобриот на канон во Македонија маестро Филип Михајлоски.
За оваа прекрасна мелодија се погрижи народниот оркестар на Миладиноски „Народно до Максимум“ и изворниот оркестар на Христијан Трајаноски
Вокал: Христијан Трајаноски
Продружни вокали: Анастасија Илиевска, Христина Тришеска
Музичари:
Хармоника: Златко Миладиноски
Бас гитара: Михајло Манојловски
Гитара: Томи Димовски
Кларинет: Александар Трајковски
Труба: Стефан Котески
Саксофон: Давид Нелоски
Канон: Филип Михајлоски
Виолини: Сања Здјелар, Иван Трајковски, Ангела Влинтовска
Тапан: Дејан Богданоски
Тамбура: Синиша Карафилоски
Кавали: Александар Ангелов, Матеј Кузевски, Стефан Трајковски
Гајда: Петар Ангелевски
Ударни инструменти: Никола Волкановски
Продуцент: Златко Миладиноски
Микс и мастер: Љупчо Соколовски
Видео продукција: Скендеровски
Уживајте!
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (15 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (14 ноември)
-
Временска прогноза2 дена
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
-
Спорт1 ден
Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг камп во Кичево, каде ќе одиграат и контролен меч против тимот на Арсими
-
Временска прогноза8 часа
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
-
Македонија5 часа
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
-
Магазин7 часа
Google Maps брише сè: Имате уште малку време, еве како да ги зачувате вашите податоци