Временска прогноза
Сепак после пеколните горештини, нов бран на невреме, детали..
По овој пеколен бран кој до крајот на оваа недела во најтоплите региони од државава ќе услови температури и до околу 40 степени веќе од недела попладне и навечер а особено во текот на следната недела повторно ќе има дестабилизирање на атмосферата па така особено во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера поради влијанието на топлотниот бран и поради енергијата која ќе ја има истата локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во формана НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Поради малку посвежа воздушна маса во текот на следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање. Исто така ново невреме во текот на следната неделасе очекува да го зафати и регионот.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
За околу два часа започнува снежниот циклон кој ќе трае до понеделник?
Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме, што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег.
Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка, а поради засилениот ветер од северен правец ќе има појава и на снежни наноси.
До понеделник наутро во најголем дел од Македонија, и тоа во градовите ќе се формира снежна покривка со висина до околу, и над 20 сантиметри, во повеќето градови и со висина од над 30 сантиметри, локално дури и над 40 сантиметри, а на планините и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу и над еден метар.
Во Скопската котлина до понеделник ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, а во повисоките предели од колтлината, како и на околните планини таа ќе биде значително поголема.
Попрецизно:
Најновата нумеричка прогноза потврдува формирање на снежен бран во Македонија.
NOTHAS Часовни врнежи во југоисточна Европа – ТУКА
Од денес 18:00 до 13.01.25 00:00ч
(понеделник) Временски синопсис: Секундарен циклон со влажен фронтален бран, кој во текот на ноќта, прво во југозападните делови, наутро и во текот на денот на 12 јануари ќе донесе обилни врнежи од снег во Македонија
СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која ја очекуваме.
Известува Славчо Попоски, метеоролог од Метеоаларм.мк
Временска прогноза
Важна метео информација, викендов ќе паѓа снег на секаде во Македонија
Од овој викенд, како и во почетокот на следната недела, територијата на целата наша Македонија ќе биде зфатена од голем влажен и ладен воздушен бран од север. Во ваква ситуација ќе имаме обилни врнежи кои проследени со засилен северен ветер кој ќе услови големо заладување на времето, ќе преминуваат во снег насекаде во Македонија.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, на повеќе места позначителна и тоа со висина од 10 до 20 сантиметри, локално и до, па и над 30 сантиметри (во градовите), а на планините како и на Скијачките центри постојаната снежна покривка значително ќе се зголеми, и тоа за над 50 сантиметри, па дури и за околу еден метар.
Со овој снежен и ладен бран од север, конечно снежна покривка ќе добие и Скопската котлина и секако околината. Во Скопје се очекува снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, а во околината, како и на околните планини таа ќе биде значително повисока.
Овој бран кој ќе ја зафати Македонија, ќе биде доста изразен и во вид на снежно невреме, а поради појавата на засилен северен ветер ќе има појава на снежни наноси.
Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, а и максималните дневни на многу места во Македонија ќе останат до околу, па и под нулата, а само во југоисточните предели тие ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ ДОКОЛКУ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД: Поради очекуваните обилни снежни врнежи, особено од ноќта сабота кон недела, како и во недела препорачуваме возачите да бидат крајно внимателни доколку патуваат низ планинските превои, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица. Секако, доколку немате потреба или не е хитно, овој викенд без потреба не патувајте низ планинските превои, поради тоа што ќе се формира нова и голема снежна покривка, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
За викендот кој доаѓа нова најава за снег и на пониските места ширум Македонија?
Најновото ажурирање на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) црта голем снежен бран и продор на многу поладен воздух од Арктикот кон Македонија, и тоа за време на викендот. Во најголем дел од Македонија ќе има обилни врнежи претежно од снег, но најпрвин на пониските места ќе бидат од дожд, и истите полека речиси насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег.
Со овој ладен и снежен бран, секако снег ќе донесе и во Скопскиот регион.
Како што можете да погледнете на Метеоролошката карта, на планините и Скијачките центри се очекува нов снег со висина од 50 па дури до еден метар. Значителна снежна покривка ќе се формира и во повеќе градови од Македонија.
Ја следиме ваквата метеоролошка ситуација, и за секоја ново – настаната временска состојба навремено ќе бидете информирани, информираше Славчо Попоски.
НАПОМЕНА: Промени и варирања на прогностичкиот модел околу очекувањето на висината на снежната покривка за време на викендот се сеуште можни, со што нови метео информации токму околу овој снежен бран следуваат во следните мои метео објави.
-
Хороскоп21 час
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево20 часа
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Кичево10 часа
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево1 ден
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (13 јануари)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот
-
Магазин3 часа
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Култура1 ден
Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.