Спорт
Сара Стефаноска од Кичево е новото засилување на ЖРК Вардар, име кое му претстои голема спортска кариера

Сара Стефаноска од Кичево е новото засилување на пионерската екипа на ЖРК Вардар, тимот предводен од Платон и Папуџиева.
Како што генерациите добро знаат Сара е добитник на повеќе награди и признанија, беше и „најдобар играч“ во Јуниор лигата, така што својот труд конечно се исплати, блесна и ќе заигра за ЖРК Вардар.
– Ракомет започнав да тренирам во екипата на РК Кале Вардар во родното Кичево, со овој спорт се „дружам“ еве веќе шест години. Со ракомет започнав уште од мали нозе и не бев добро запознаена со тој спорт, но со тек на време, благодарение на тренерите Драган Кузманоски, Ѓоко Маркоски и Анастасија Стефаноска започнав да покажувам добри резултати на ова поле. Целиот труд и работа во таа регионална школа на црвено-црните ме одведоа до остварување на мојот сон, да играм за клубот на Вардар.
Целосното интервју прочитајте го на VardarFans.mk ТУКА
Спорт
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.
Спорт
Воска поуспешна во Гостивар, Струга ТЛ и Силекс ремизираа, комплетирано 25-то коло од првата македонска фудбалска лига

Комплетирано 25-тото коло на првата македонска фудбалска лига. Резултатите се следни:
Пелистер – Вардар 1:3 стрелци: Керим 10, Закириќ 20 (пенал), Мато 75 и 82 минута – овој меч беше одигран на 29-ти март
Гостивар – Воска 0:2 стрелци: Виноградац 30, Осеи 83 минута.
Шкендија – АП Брера 2:1 стрелци: Ибраими 9 и 61, Ндсегуе 54 (пенал)
Силекс – Тиквеш 1:1 стрелци: Додев 35, Мишов 31 минута
Работнички – Беса 1:0 стрелци: Рушевиќ 55 (пенал)
Струга ТЛ – Шкупи 0:0
Спорт
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар

Фудбалската федерација на Македонија се заложи за транспарентност и отчетност во своето работење како еден примарен постулат, со цел градење доверба и унапредување на фудбалската игра.
Неколку пати до сега посочивме дека Фудбалската Федерација на Македонија, преку Одборот на судии и стручните тела секој натпревар го следи со најголемо внимание и професионален пристап.
Судиите кои ги судат натпреварите се избираат и делегираат врз основа на нивната физичка подготвеност, знаење и досегашни перформанси, а нивната работа е предмет на детална анализа од страна на контролорите на судењето.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис ТУКА
-
Спорт13 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Хороскоп8 часа
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза21 час
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Спорт2 дена
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Lifestyle2 дена
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили2 дена
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Скопје16 часа
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците