Кичево
Со третманот „BeInvisible“ на стоматолог д-р Илбер Балажи од Кичево до блескава насмевка која трае

До пред неколку години имав навистина идеално и правилно подредени заби, но кога ми изникнаа умниците ми се случи изместување и тоа најпогодени беа токму најважните, предните заби. А многу ми е важно да имам совршена насмевка, особено ако се земе предвид и мојата професија. Вака популарната пејачка Викторија Лоба ја почнува својата приказна за искуството со брендот на невидливи алајнери BeInvisible, кој сè почесто е прв избор на сите оние кои имаат потреба од подредување на забите или корекција на загризот.
– Со мојот стоматолог тогаш се договоривме да ставиме невидлива пломба и да го маскираме проблемот, да изгледа дека забите се правилно подредени, додека најдеме вистинско решение. Тоа решение не е трајно, но фиксна протеза едноставно не ми беше опција, прво поради тоа што би ми пречела во пеењето и во другите активности поврзани со мојата професија, потоа поради болката и непријатноста, отежнатата орална хигиена и рестрикциите при исхраната – вели Викторија.
Таа била пресреќна кога го пронашла решението што го барала – BeInvisible – систем од невидливи алајнери, кои не се фиксни, ги заменуваат класичните жичени протези, но работата ја завршуваат значително побрзо. Притоа целиот процес е толку едноставен и лесен и воопшто не го нарушува секојдневниот живот на оној што ги носи алајнерите.
Сега, по 6 месеци од почетокот на третманот, Викторија повторно има совршена насмевка, без никаква маска. Колку е лесен и едноставен патот до насмевката што ја посакувате, најдобро можете да видите преку нејзината видеоприказна.
BeInvisible третманот се состои од сет алајнери кои се изработуваат посебно за секој пациент врз основа на отпечатоци или дигитален скен на нивните заби. Движењето на забите се проектира дигитално, без можност за грешка, и благодарение на компјутерската симулација однапред се знае резултатот – по фази и крајниот. На истиот начин се креира и планот на третманот, кој пациентот го добива заедно со алајнерите и кој го води низ процесот на промена од еден до друг алајнер.
Она што пациентите најмногу го сакаат е што можат да продолжат со своите активности без никакво нарушување. Нема болка, нема непријатност и, бидејќи, се невидливи, никој воопшто и не ги забележува. Оној што ги носи може слободно да јаде и да пие сè што ќе посака без воопшто да се грижи за заглавени парчиња храна меѓу жиците – затоа што нема жици. А токму поради ова, социјалниот живот, излегувањата, дружењата, работата… воопшто не трпат.
Сепак, и покрај тоа што алајнерите се вадат и се ставаат лесно, самодисциплината е многу важна, па за да се постигне проектираниот резултат, мора да се носат 20-22 часа дневно. А тоа и не е тешко кога воопшто не ви пречат. Исто така, нема потреба да се грижите околу оралната хигиена, бидејќи по тоа прашање сè останува како и досега, само што овој пат, освен вашите заби, ги миете и алајнерите.
Целиот процес трае пократко отколку третманот со класични протези.
Најголемиот број случаи се решаваат за 6 до 9 месеци. Уште една предност е што нема ограничување според возраста, па затоа BeInvisible Clear Aligner System е погоден особено за возрасни лица со динамично темпо на живот.
Веројатно затоа повеќе јавни личности, меѓу кои сестрите Тамара и Тијана, професорката и инфлуенсерка Калтрина Крезиу, повеќе модни блогерки и др, решија да му ги доверат своите насмевки на д-р Илбер Балажи од Кичево, специјалист по ортодонција кој стои зад брендот BeInvisible во нашата земја, но и во цела Југоисточна Европа.
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
Кичево
Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.
Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.
Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (30 март)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Спорт3 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Спорт1 ден
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Временска прогноза11 часа
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Lifestyle1 ден
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили1 ден
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Магазин1 ден
Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек