Следете не

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Дождот не ги спречи кичевчани да уживаат на мега спектакуларниот концерт на Лозано!

Објавено пред

на

Најголемата македонска ѕвезда пееше во својот град и направи концерт за паметење!

И по енергичниот почеток, се нижеа неговите хитови („Јако, јако“, „Жена како ти“, најновата емотивна балада „Мајко“, „Надеж“, „Сонце не ме грее“, „Кога мене ќе ме немаш“)  повеќето песни Лозано ги продолжуваше само за да може повторно да ја слушне распеаната публика и уште многу други песни што ја одбележаа неговата кариера!

Реализиравме концерт кој долго ќе се памети, токму на далеку прочуеното „Китино Кале“ иако дождот не беше на наша страна, тоа воопшто не беше пречка кичевчани и најмладата публика да го посетат ова културно место и пеат во еден глас со својот миленик!

Благодарност до главниот организатор „Barfly“ како и сите помагатели, (Унимак 95, Прилепска Пивара, Атва Маркет, Check In, Евротип, Казино Голд..) кои со својата безрезервна поддршка помогнаа да се организира до сега најубавиот спектакл во Кичево!

После спектакуларниот концерт во Кичево, Влатко Лозаноски ќе одржи концерт во Охрид, на 2 август, на Стадионот „Билјанини извори“ од 21 часот, билетите се пуштени во продажба на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, во „Југотон“, во цвеќарницата „Розе“ и на охридскиот Плоштад по цена од 350 денари до 18 јули.  – повеќе Инфо и Резервации ќе најдете на тел: 075 /507-455

За вас во специјално издание ви приредивме мега-галерија преку нашиот објектив, која го опишува амбиентот во потполно светло, уживајте и читајте го вашето единствено катче од Кичево, вашите Порта.МК

 

 

Кичево

(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Објавено пред

на

©porta.mk

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!

Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!

Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.

  • Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
  • Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
  • Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
  • Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
  • Како главна награда „Air Fryer“  по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.

Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч

Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!

Прочитај повеќе...

Кичево

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Објавено пред

на

©porta.mk

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.

Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.

Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.

📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.

Бидете дел!

Прочитај повеќе...

Кичево

Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Објавено пред

на

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.

Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.

Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута...

Спорт3 часа

Воска поуспешна во Гостивар, Струга ТЛ и Силекс ремизираа, комплетирано 25-то коло од првата македонска фудбалска лига

Комплетирано 25-тото коло на првата македонска фудбалска лига. Резултатите се следни: Пелистер – Вардар 1:3 стрелци: Керим 10, Закириќ 20...

Скопје6 часа

(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со...

Македонија7 часа

Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома

Министерството за здравство информира дека денес 6 пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство. Пет од нив се...

Магазин9 часа

Google воведува видео функции со вештачка интелигенција во Gemini

Google започна со воведување нови AI функции во Gemini Live, овозможувајќи му на асистентот да „гледа“ преку екранот или камерата...

Магазин9 часа

OpenAI го одложува генераторот на слики за бесплатните корисници

OpenAI го одложи пуштањето на вградениот генератор на слики во ChatGPT за бесплатните корисници. Според извршниот директор Сем Алтман, алатката...

Македонија10 часа

Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

На 31.03.2025 во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61)...

Временска прогноза11 часа

Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија

До четврток во Македонија и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, ќе продолжи периодот на...

Скопје22 часа

(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за понеделник (31 март)

ОВЕН Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска...

НАЈЧИТАНИ