Кичево
Денес е 11 септември – Ден на ослободувањето на Кичево
На денешен ден, 11 септември 1943, по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево.
Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот. За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…
За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.
Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.
Кичево
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
Дистрибутерот на „Жито Лукс АД“ – Скопје, водечката компанија во прехранбената индустрија, има потреба од вработување на дополнителен персонал за работа за реон на град Кичево. Имено, потребен е персонал за работа во следните категории:
- 2 слободни позиции: (Возач / Дистрибутер)
- 1 слободна позиција: (Администратор)
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работено со дистрибуција на леб. Работното време е од утрински часови до пладне. Вработените ќе бидат осигурани и со платени придонеси од првиот момент на работа, се разбира, додека нивните примања ќе бидат навремено исплаќани.
Кандидатите потребно е да имаат важечка возачка дозвола „Б“ – категорија, „Ц“ категорија понатаму ќе се смета за предност.
Сите вие, мотивирани, стабилни, флексибилни, способни за индивидуална и тимска работа, насочени да постигнете резултати, контактирајте за повеќе информации на тел бр ☎️ 076/395-648, испратете кратка биографија на Viber, ќе бидете контактирани и повикани на разговор.
Станете дел од големото семејство на „Жито Лукс АД“ – Скопје
Кичево
(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево чесниот Крст, Бог сакал по трет пат да го пронајде најсреќниот Алек Хлоупек
Денеска во Кичево на свечениот настан по повод Богојавление Водици трет пат по ред најсреќен беше Алек Хлоупек (26) кој го извади светиот Крст од осветените води. На овој настан учествуваа вкупно 41 учесници. На барање на организацијата овој пат за прв пат поради капацитет на вода во градскиот базен, учесниците го бараа Светиот Крст на поинаков начин.
– Прекрасно е чувството да се биде дел од оваа манифестација, учествувам повеќе години, но Господ ме избра мене повторно и по трет пат светиот Крст да дојде до моите раце. Останува да го кажам она што го кажував и порано. Очекувам во иднина многу повеќе пред се млади луѓе да земат свое учество бидејќи ова за мене а верувам и за сите е најблагородна работа која може човек да си ја дозволи, Водици за мене е најголемо духовно исполнение.
– Исто така ја користам оваа прилика да истакнам дека Господова 2026-та година здравје ќе паузирам, мислам дека е доволно Слава му на Бога!
– Бог се јави, да сте ми живи и здрави, за Порта.мк истакна младиот Хлоупек.
Кичевското свештенство му подари рачно изработена икона со благослов од свештенството на нашиот уметник Марјан Тренески по негова иницијатива од Св.Јован Крстител, Кумовите фам. Маневи, генералниот спонзор „Зегин“ и оваа година го даруваа Хлоупек со паричен ваучер и скромни поклони, посакувајќи му многу здравје, среќа, љубов и бериќет.
Во продолжение ексклузивно погледнете ги официјалното видео, како и фотографиите од нашиот објектив и од Јове Ангелески „Фото Зоран“ – ТУКА
Во с.Цер кичевско по втор пат и покрај многу ладното време и замрзнатиот Вир, најсреќниот беше 15-годишникот Петар Којчески!
Исто така во с.Белица, најсреќен беше Димитар Магденоски:
Во с.Другово оваа година најсреќен кој стигна најбрзо до Светиот Крст на река Треска беше Ивица Мисајлески од соседното село Брждани кичевско.
Бог се јави, Навистина се јави!
За многу години!
Оваа прилика нашиот медиум упатува посебна благодарност до медицинската екипа на „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, како и за Полициските службеници од ОВР Кичево за беспрекорната соработка за овој голем ден.
Галерија од кичевската манифестација преку нашиот објектив:
Кичево
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
До сега 36 пријавени верници утре ќе се обидат да го фатат Крстот што ќе биде положен во градскиот базен во Кичево, по повод празникот „Богојавление Водици“, за нашиот медиум предмалку информираа од Кичевската Парохија, како што знаеме пријавувањето трае до денес 16:00ч.
– Осветувањето на водите и чинот на положување на Чесниот Крст и оваа година традиционално е закажан во 11:00ч, додека поради големиот интерес апелираме сите кои сакаат да присуствуваат на настанот да дојдат порано, најкасно до 10:25ч.
По завршување на литургијата која е закажана за утрото во 08:00ч, во 10:15ч часот Кичевската Парохија заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон градскиот базен, каде ќе започне „Водосветот“, а потоа ќе се положи Крстот во 11:00ч
За многу години!
Вака изгледаше ланска година, каде најсреќниот кој по втор пат го пронајде светиот Крст беше кичевчанецот Алек Хлоупек:
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена
-
Кичево2 дена
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески
-
Временска прогноза5 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Македонија2 дена
Лице од Радовиш пробал да пренесе 6 мигранти од Непал и Индија, бегал од Полицијата и удрил во работна машина