Македонија
12 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007

Цели 12 години без легендата на македонската музика Тоше Проески
Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.
Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).
Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.
Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.
Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза12 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија15 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди12 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети