Следете не

Здравје и убавина

5 намирници за здрави коски

Објавено пред

на

За здрави коски и зглобови важна е исхраната. Своето мени треба да го збогатите со намирници богати со калциум.

Млеко – Млекото е најдостапен извор на калциум. Освен тоа, калциумот во млекото се наоѓа во облик кој телото многу лесно го апсорбира.

Јогурт – Богат е со здрави бактерии за вашиот стомак и содржи 400 милиграма калциум во една порција. Избегнувајте ги овошните јогурти.

Зелен зеленчук – Повеќето зеленчуци, посебно зелените, содржат калциум. Одлучете се за спанаќ, зелка, зелена салата, брокула,..

Билки и зачини – Билките како босилок, мајчина душица, цимет и зачините како лукот не само што ќе ви обезбедат добар вкус, туку и на вашето тело ќе му обезбедат доволна количина калциум.

Портокал – Не само што содржи калциум, туку и витамин Д кој е неопходен за апсорпција на калциум.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал

На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични...

Автомобили7 часа

Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен

Потврда од врвот на компанијата потврдува дека следната генерација на популарниот компактен модел, Dacia Sandero, кој беше најпродаван автомобил во...

Lifestyle7 часа

Направете шампон од мед и уживајте во здрава и бујна коса

Во светот на природната убавина, медот се издвојува како клучна состојка за нега на косата. Неговите навлажнувачки својства го прават...

Lifestyle7 часа

Чај од ѓумбир: Ефикасен природен лек за болки во грлото и упорна кашлица

Чајот од ѓумбир е еден од најдобрите природни лекови и може да биде одличен сојузник во борбата против постојаните вируси...

Lifestyle7 часа

Петте најдобри европски скијачки центри

Европа е дом на некои од најубавите скијачки центри во светот, кои не само што нудат одлични снежни патеки, туку...

Lifestyle7 часа

Како да препознаете вистински мед? Четири сигурни тестови за откривање на квалитетот

Препознавањето на вистинскиот мед е важно за да бидете сигурни дека консумирате чист, природен и хранлив производ. Со оглед на...

Извор: Samsung Извор: Samsung
Магазин7 часа

Современите паметни телефони веќе не зависат од заштитни фолии за екранот

Благодарение на напредната технологија за производство на стакло и робусниот дизајн, заштитните фолии за екраните на паметните телефони стануваат сè...

Lifestyle7 часа

Петте најнездрави намирници за појадок, според гастроентеролог

Појадокот е еден од најважните оброци во денот, но изборот на намирници е клучен за долгорочното здравје. Американскиот гастроентеролог д-р...

Lifestyle7 часа

Девет несакани ефекти од прекумерен внес на кофеин

Кофеинот, кога се консумира во умерени количини, е генерално безбеден и има бројни придобивки, како подобрување на расположението, метаболизмот и...

Магазин7 часа

Како да ја играте тајната мини-игра на Google инспирирана од Squid Game

Google уште еднаш ги изненади корисниците со културно релевантно „Easter Egg“ изненадување. Овој пат, се работи за тајна мини-игра инспирирана...

НАЈЧИТАНИ